Триесет и едногодишен државјанин на Мексико бил уапсен синоќа во паркот во Ѓорче Петров, откако нападнал полициски службеник додека бил под дејство на алкохол. Против него ќе биде поведена соодветна постапка.
Инцидентот се случил околу 21 часот во паркот, каде што се одржувала манифестација. Од МВР информираат дека Х.И.Б.Л. (31) одбивал да се легитимира и се однесувал агресивно, по што физички и со тврд предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Полицијата утврдила дека 31-годишникот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,30 промили алкохол во крвта.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.