Бизнис

По пиперките, Бугарија спречи увоз и на кисело млеко од Македонија

На ГП Ѓуешево се задржани 576 картони со 20 пакувања, вкупно тешки над два тона, поради неуредна документација

По двата товара пиперки со вкупна тежина од околу 21 тон во два одделни случаја неодамна, Бугарија не дозволи увоз ни на пратка кисело млеко од Македонија.

За разлика од пиперките, кај кои биле утврдени остатоци од пестициди над дозволената количина, проблемот со киселото млеко, наводно, бил во неуредната документација.

Инспектори од Дирекцијата за гранична контрола при Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) задржаа над два тона од овој производ при проверка на граничниот премин Ѓуешево.

Количината е откриена во камион за време на службена контрола, а задржани се вкупно 576 картони со 20 пакувања кисело млеко. Причината е несовпаѓање помеѓу податоците во придружниот сертификат и ознаките на пакувањата, известува Агенцијата.

Стоката е вратена на испраќачот истиот ден.

Агенцијата за храна нагласува дека контролата на граничните премини е постојана и има за цел да спречи пласирање на пазарот на храна и добиточна храна што не ги исполнува безбедносните барања на Европската Унија.

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top