Бизнис

ДЗС: Просечна нето-плата во јули – 48.499 денари

Реален раст на платите од 4,7 проценти

Просечната месечна нето-плата по вработен во јули изнесувала 48.499 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со јули лани, номиналниот раст е 7,1 отсто, а реалниот – откако ќе се одземе инфлацијата од 2,4 процентни поени – изнесува 4,7 отсто.

На месечна основа, во однос на јуни кога просекот бил 48.381 денар, зголемувањето е минимално – 0,2 отсто номинално, односно 0,1 отсто реално.

Највисок просек и натаму се бележи во секторот Информации и комуникации – 89.532 денари. Најниски плати има во угостителството и хотелиерството, со просек од 34.693 денари. Во преработувачката индустрија просекот е 43.276 денари, во трговијата 45.230, а во градежништвото 56.637 денари.

Најсилен годишен раст е забележан кај финансиските дејности и осигурувањето (10,7 %), снабдувањето со вода и управувањето со отпад (10,4 %) и дејностите поврзани со недвижен имот (9,6 %).

На месечно ниво најмногу пораснале платите во стручните, научните и техничките дејности (4,3 %), трговијата (3,2 %) и градежништвото (2,3 %).

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top