Свет

Поради Ел Нињо ќе умрат 450.000 луѓе до февруари

Научниците предвидуваат дека најголемиот дел од смртните случаи во текот на следните шест месеци ќе се случат на јужната хемисфера, каде што дополнителната топлина ќе се совпадне со пролетната и летната сезона

Истражувачи од Лабораторијата за климатски влијанија (Climate Impact Lab) при Универзитетот во Чикаго известуваат дека до февруари следната година, ширум светот би можеле да починат околу 450.000 луѓе поради екстремните горештини предизвикани од рекордно силниот климатски феномен Ел Нињо.

Научниците предвидуваат дека најголемиот дел од смртните случаи во текот на следните шест месеци ќе се случат на јужната хемисфера, каде што дополнителната топлина ќе се совпадне со пролетната и летната сезона. Се очекува Ел Нињо да трае до пролетта на северната хемисфера, што потенцијално би можело да предизвика нов бран на смртни случаи и по февруари, пренесува списанието *New Scientist*.

Предвидувањето се заснова на утврдената поврзаност меѓу температурата и зголемената смртност. Истражувачите ги комбинираа податоците за односот меѓу смртноста и екстремните температури со сезонските прогнози од Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF).

Во периодот од септември до февруари се очекуваат околу 240.000 дополнителни смртни случаи поврзани со горештините. Кога ќе се додадат на смртните случаи регистрирани од почетокот на тековниот феномен Ел Нињо во јуни, се проценува дека вкупниот број на починати ќе достигне 450.000.

Тимот проценува дека најтешко погодена ќе биде Африка – особено Нигерија, каде што се очекуваат повеќе од 30.000 дополнителни смртни случаи. Прогнозите исто така укажуваат на 19.000 дополнителни смртни случаи во Индонезија, 16.000 во Индија и 13.000 во Бразил. Најранливи групи на население се постарите лица (над 65 години) и децата на возраст под четири години.

Истражувачите напоменуваат дека вкупниот број на починати би можел да биде и поголем, бидејќи Ел Нињо влијае и на појавата на шумски пожари, ширењето на заразни болести и поплавите. Тие ја нагласуваат потребата од превентивни мерки – како што се обезбедување пристап до вода и климатизација – за да се ограничи штетата што може да се спречи.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top