Ова вчера го истакна градоначалникот на Тетово и еден од копретседателите на Влен, Биљал Касами, коментирајќи ги актуелните политички состојби
Според Касами, ВРЕДИ е подготвена за избори веднаш, но како дел од централната и локалната власт нивен главен приоритет е исполнување на програмата понудена на граѓаните.
„За предвремени избори ние како ВРЕДИ сме подготвени утре да се објават, но како дел од владината коалиција и како дел од локалната власт. сме во реализација на програмата, тоа што сме го нуделе на граѓаните, така што ние не бараме предвремени избори“, рече Касами.
„Уверени сме дека и да има предвремени избори, пак ВРЕДИ , нели, ќе биде победник во албанскиот блок и ќе биде дел од Владата и ќе ги води општините и понатаму. Така што наш приоритет е реализација на тоа што е понудено, а ако има предвремени избори подготвени сме и убедени сме дека ќе бидеме апсолутни победници“.
Минатата недела претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој доаѓа од партијата ВРЕДИ, рече дека е убеден оти во државата нема да се случат предвремени парламентарни избори и посочи дека ваквото убедување го темели на неговата политичка интуиција, но и на политичките изјави што се пласираат во јавноста.