Македонија

Пронајдени нови фотографии на Кемал Ататурк снимени од браќата Манаки

На фотографиите, односно стаклените плочи под број 515 и 1417 во описот стои дека се работи за ученици од воената гимназија на кои е и Кемал Ататурк

Романскиот антрополог и професор на Универзитетот во Букурешт, Каталин Д. Константин заедно со тим од битолскиот Архив, истражувајќи ја архивата од делото на браќата Манаки, пронајдоа нови фотографии од Кемал Ататурк.

На фотографиите, односно стаклените плочи под број 515 и 1417 во описот стои дека се работи за ученици од воената гимназија на кои е и Кемал Ататурк.

– Архивот поседува најмалку две фотографии на кои се гледа ликот на Кемал Ататурк. Фотографиите се направени при посета на воена делегација на Битола предводена од Колман вон дер Голц, познат и како Голц паша. Во позадина на придружбата се гледа впечатливото лице на младиот Кемал кој веројатно бил дел од воената придружбата која имала за задача да направи увид во воената способност на битолските касарни, информираа од битолскиот Архив.

Новооткриените фотографии ќе бидат тема на темелни истражувања во иднина, а Архивот со помош на своите соработници ќе продолжи со својата мисија за промовирање на значајниот архивски материјал кој го чува во своите депоа, потврдија од битолскиот Архив.

Најнови вести од: Македонија

Ќе го уриваат ВМРО-ДПМНЕ од власт, ама прво да го решат Филипче

Игор Ивановски, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Никола Ќуркчиев, Славјанка Петровска и Емилијан Станковиќ во наредните денови ќе разговараат со претседателот Венко Филипче, од кого очекуваат да си замине од функцијата

To top