Хроника

Почина 13-годишното дете прободено со нож во срцето во тепачка во Чаир

Почина 13-годишното дете кое пред три недели со ладно оружје беше прободено во срцето за време на физичка пресметка на улицата „Македонско-косовска бригада“ во општината Чаир

Почина 13-годишното момче кое беше тешко повредено по крвавата пресметка во Чаир. Од КАРИЛ за медиумите потврдувиле дека детето по три недели борба починало вчера како последица на тешките повреди. Случајот започна како пресметка меѓу петмина тинејџери пред три недели во скопски Чаир, каде 13 годишникот веше смртно прободен со нож во срце од страна на негов врсник.

Во притвор, засега е само 19 годишниот брат на осомничениот кој бил и единствен полнолетен учесник во пресметката. Неговиот 13 годишен брат кој повреди уште двајца малолетници е дома. Не може кривично да одговара поради неговата возраст. За него, важи Законот за правда за децата – односно дека дете кое наполнило 14 години не може да биде кривично санкционирано. Наместо кривична санкција, законот предвидува мерки на помош и заштита, согласно најдобриот интерес на детето.

Овој случај го отвара прашања за честото насилство меѓу младите во државава и начинот на кој правосудството се справува со него. Бројките покажуваат дека децата не се надвор од криминалот – врсничкото насилство станува се почеста појава во Македонија. Годинава се регистрирани околу 10-тина инциденти, најчесто во кругот на училиштата. Надлежните сметаат дека треба да се заостри Законот за правда за децата, односно малолетниците да се праќаат во поправно-воспитен дом. Во меѓувреме, МОН заедно со МВР започнаа проект во образовниот систем за рано препознавање на врсничко и семејно насилство.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top