Новинарот Миле Бошњаковски лично утврдил дека вештачката интелигенција лажно прикажува човечка интелигенција како ,,своја”.
Бошњаковски направил едноставен експеримент и увидел дека ВИ лаже и краде човечки идеи и текстови, меѓу другите и некои напишани пред повеќе од 65 години.
,,Сакам да отворам и веднаш да затворам една тема околу користењето на ВИ и фамозните „AI детектори“ кои наводно можат да утврдат дали некој текст е напишан со вештачка интелигенција.
Направив три едноставни теста.
Прво ставив мој стар текст од 1999 година. Текстот е целосно мој, одлично редактиран и лекториран во тоа време од други луѓе. Да повториме – 1999 година. Од три AI детектори, два утврдија дека текстот е 86% напишан од ВИ, а третиот дека е околу 30% ВИ.
За вториот тест решив да не се потпирам на сопственото пишување. Земав краток расказ од Ернест Хемингвеј (Cat in the Rain). Го ставив истиот текст во трите детектори.
Сите три утврдија дека Хемингвеј пишувал со вештачка интелигенција. И тоа не срамежливо: проценките се движеа од над 86% до 91% сигурност дека текстот е напишан со ВИ.
Хемингвеј почина во 1961 година.
И, пред да не убие ВИ, ваљда ќе знаеме „кој пие, кој плаќа“.
Статусов е лекториран од ВИ”, пишува Бошњаковски.