Свет

Украинец упадна во манастир и со нож уби свештеник (ВИДЕО)

Во нападот загина католички свештеник, додека тројца други мажи и една жена беа повредени; за тешкото кривично дело се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски

 

 

„Потресени сме од ова зло. Според досега достапните информации, убиен е католички свештеник, а неколку лица се повредени. Изразуваме длабоко сочувство до семејството и блиските на починатиот и им посакуваме брзо закрепнување на сите повредени“, рече Зеленски.

Крвавиот напад се случи завчера во полскиот град Јарослав, кога 31-годишен државјанин на Украина нападна пет лица со нож во еден бенедиктински манастир.

Во нападот загина католички свештеник, додека тројца други мажи и една жена беа повредени; за тешкото кривично дело се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Европска правда“.

Полското обвинителство соопшти дека напаѓачот истиот ден пристигнал во Полска од Германија и се упатил кон граничниот премин Корчова, но всушност не ја преминал границата. Наместо тоа, тој неовластено влегол во манастирскиот круг и се упатил кон кујната, каде што ги нападнал првите луѓе на кои наишол.

Полските власти веднаш изјавија дека осомничениот ќе се соочи со најстрога казна, додека украинската амбасада изрази уверување дека надлежните органи темелно и објективно ќе ги утврдат сите околности на нападот.

Претседателот на Украина особено нагласи дека сторителот мора да сноси целосна правна одговорност за своите постапки. „Сметаме на брза и темелна истрага за сите околности. Болно е да се сфати дека луѓето се способни за такви ѕверства. Правдата мора да биде задоволена“, заклучи Зеленски.

Најнови вести од: Свет

To top