Хроника

Му ветиле награда, а му оставиле празна чанта – МВР со кривична за двајца измамници

Им дал 5 илјади евра за да добие 10, но останал без ништо

Двајца жители на Велес, на возраст од 67 и 42 години, се осомничени дека измамиле 88-годишен маж во Струга и му зеле 300.000 денари, откако го убедиле да им ги донесе парите со ветување дека ќе биде награден.

Според пријавеното, на 6 август годинава А.С. (67) и Д.С. (42) го довеле старецот во заблуда, барајќи од него да им донесе 300.000 денари за да ги види сопругата на едниот од нив, која наводно била од странска земја.

На 88-годишникот му било ветено дека за услугата ќе биде награден. Тој им ги донел парите и им ги предал, а двајцата, како гаранција, му дале чанта за која му кажале дека во неа има околу 10.000 евра.

Откако ги зеле парите, двајцата заминале и му рекле дека ќе се вратат. Но, поминале околу половина час, а тие не се појавиле.

Човекот потоа си заминал дома и ја отворил чантата што му ја оставиле. Во неа немало пари, по што сфатил дека бил измамен.

Против А.С. и Д.С. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Најнови вести од: Хроника

To top