Македонија

„Ајверијада“ по петти пат во Босилово

Денеска во Босилово по 5. пат се одржа локалната традиционална манифестација „Ајвeријада 2026“, на која на повеќе печки се подготвуваше традиционалниот ајвар

По петти пат во Босилово се одржа традиционалната локална манифестација „Ајверијада 2026“, која и годинава беше посветена на подготовката и промоцијата на традиционалниот домашен ајвар.

На повеќе печки се подготвуваше ајвар, а според организаторите, целта на манифестацијата е да се промовираат специјалитетите од црвена пиперка, но и да се зачува традицијата на подготвување ајвар во домашни услови.

„Оваа манифестација се одржува веќе петта година по ред и постепено станува традиција со која се гордееме сите во Општина Босилово. Секоја манифестација е важна и убава на свој начин, но една од најтешките за организација е токму „Ајверијада“, затоа што денеска ќе бидат подготвени околу 400 килограми ајвар. Тоа воопшто не е мала работа и затоа сакам да им се заблагодарам на сите домаќинки кои овие денови се вклучени во реализацијата“, рече градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

Подготвениот ајвар се дегустираше со домашно сирење на спортското игралиште во училиштето „Гоце Делчев“. Посетителите имаа можност да пробаат и лутеница, малиџано и други специјалитети од црвена пиперка, како и домашни чварки.

На штандовите беа изложени и грнчарски производи, природен пчелен мед и други пчелни производи.

Во рамките на манифестацијата беше организирана и богата културно-уметничка програма, со настапи на познати пејачи и културно-уметнички друштва.

„Ајверијада 2026“ се одржа под покровителство на Општина Босилово и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Најнови вести од: Македонија

Дали сведочењето на Али Ахмети послужило како основа за подигнување на обвинението против раководството на ОВК од страна на Специјалниот суд во Хаг?

ДУИ се обидува да извлече евтини политички поени од хашките пресуди за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими

To top