Македонија

Западнонилската треска однесе живот и на 70-годишен пациент на Инфективната клиника во Скопје

Уште еден пациент со западнонилска треска во текот на викендот почина на Клиниката за инфективни болести. Се работи за 70-годишен пациент од Аеродром, кој имал повеќе заболувања. На Клиниката се хоспитализирани седум пациенти, од кои двајца се со потешка клиничка слика, изјави денеска директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана.

– Има само еден нов потврден прием од 25 септември. Инаку, вкупно на Клиниката се седум пациенти хоспитализирани, од кои двајца се со потешка клиничка слика. Тие се нови пациенти на кои им се влошила клиничката слика и се префрлени во Оделот за интензивна нега. Еден од пациентите е од поновите хоспитализирани, кој од приемот е со потешка клиничка слика. Сите се возрасни и со дополнителни придружни заболувања. Последниот пациент е од Росоман, а другите се главно од Скопје, истакна д-р Цана.

Во врска со тоа дали има висок процент на смртност споредено со потврдените случаи на западнонилска треска во земјата, рече дека не би кажал дека имаме висок процент.

– Според нашите статистики се е во рамки на тоа што го има и низ светот. Значи и во Грција, и во Италија, и во другите земји каде што е потврдена оваа инфекција. Секогаш треба да сме претпазливи, да се придржуваме на сите тие мерки што ги дава Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Инфекциите цело време се присутни во природата и цело време ние сме изложени и може да се инфицираме. Поради тоа треба да се придржуваме до тие мерки што се препорачани од Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје, рече д-р Цана.

Додаде дека досега вкупно 67 случаи со невроинвазивна форма на болеста се хоспитализирани на Клиниката од кои 10 се починати, 50 се излекувани, а седум во моментов се во таа јавна здравствена установа.

Најнови вести од: Македонија

Мисирков во 1903: Македонците да имаат свое македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто час поскоро треба да си ги одделиме нашите интереси од бугарските. Тоа го бара од нас благоразумноста.“ – нагласува Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година пред втората седница на Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград).

Акција на МВР и АНБ: Во Скопје приведени повеќе лица, поради сомнение за тероризам

На повеќе локации во Скопје во тек е полициско-безбедносна акција во која се приведени повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Политико“: „Патокази“ од ЕУ и забрзување на влезот на Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора, не и на Македонија!

Нов преседан на Брисел. Европската Унија првпат планира да одреди целни датуми за завршување на клучните фази од преговорите за пристапување со Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, изјавија функционери од Брисел за европскиот аналитички магазин „Политико“. За Македонија нема ниту патокази, ниту сигнали за придвижување на нејзиниот евроинтеграциски процес, ниту ништо!

Сиљановска-Давкова на Салцбург самит: По 21 година кандидати и 17 позитивни извештаи на потег е ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на 22. Европски самит во Салцбург, денеска се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“

ДУИ: Долгот на Општина Тетово изнесува 31 милион евра

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, го започна својот прв мандат кон крајот на 2021 година; во тоа време, тој изјави дека вкупниот долг на општината – вклучувајќи го и долгот на јавните претпријатија и училиштата – изнесувал приближно 24 милиони евра

Најнови вести

To top