Хроника

Тепачка во Шуто Оризари: Двајца браќа се степале со мајка си

Семејна драма во Шуто Оризари

Семејна расправија прераснала во физичка пресметка меѓу двајца браќа и нивната мајка во семејниот дом во Шуто Оризари. Од СВР Скопје соопштија дека случајот бил пријавен на 27 септември во 23:20 часот, а според пријавеното, инцидентот се случил околу 23:00 часот.

По претходна вербална расправија физички се пресметале двајцата браќа, на возраст од 26 и 20 години, и нивната 46-годишна мајка. Сите се од Скопје. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Најнови вести од: Хроника

To top