Македонија

Премиерот побара смена на директорот што дозволил снимање на секси спот во ,,Македониумот”

Мицкоски бара смена на директорот што за 500 евра си поигра со националниот симбол

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека уште денеска ќе побара од министерот за култура и туризам разрешување на директорот и на целиот Управен одбор на институцијата што управува со споменикот „Македониум“ во Крушево. Причина за оваа одлука е скандалот што предизвика силни реакции во јавноста, откако просторот на овој важен споменичен комплекс бил даден под наем за снимање музички спот на рапер од Косово.

„Навистина тоа коешто таму се случило е нешто коешто не требало да се случи. Ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција, заедно со Управниот одбор, бидејќи таков тип на институции не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени“, истакна Мицкоски.

Тој им се извини на граѓаните поради направениот пропуст и нагласи дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се спречи повторување на слични инциденти во иднина.

Најнови вести од: Македонија

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top