Македонија

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „Мој термин“!

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Министерот Клековски рече дека неблагодарно е да коментира пропусти на претходни министри во одреден подолг временски период.

Запознаен сум со извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Очекувана постапка дека сите нацрт извештаи се доставуваат до надлежните институции. Многу ја ценам работата на ДЗР. Не можам да кажам дека во извештајот има грешка или неточност. Тој е даден, сме го потврдиле, состојбата е таква. Зошто е таква може други луѓе да прашате. Кога го имавме нацртот доставен до нас побарав да направиме акциски план. Промовиравме нацрт стратегија за дигитализација во здравството и планираме масивни интервенции во делот на дигитализацијата и натамошно зголемување на продуктивноста на здравствениот систем и зголемување на задоволството на пациентите без доказ во тоа подрачје не може да има. „МојТермин“ е централен дел на тоа прашање. Во извештајот пишува дека во Управата за електронско здравство, пополнети се само 29 отсто од предвидениот број на вработени со систематизацијата – посочи Клековски одговарајќи на новинарско прашање.

Во денеска објавениот извештај на ДЗР од извршената ревизија на информациски системи на тема „Мој Термин – оптимизација на здравствените процеси и подобрување на квалитетот на здравствената заштита” се наведува дека од 1 јануари 2021 година до 30 април годинава, системот „Мој Термин“ не бил покриен со договори за одржување вкупно 738 дена, што претставува 37,9 отсто од анализираниот период, договорите за одржување се склучувале на годишно ниво, без обезбедување на континуитет, 48 отсто од вкупните вложувања кај ЈЗУ кои користат други информациски системи се концентрирани кај три софтверски компании, што упатува на зголемен ризик од концентрација и ограничена конкуренција, а посебни слабости се утврдени во областа на ИТ безбедноста и заштитата на личните податоци.

Најнови вести од: Македонија

Реакција на Групата „12:05“: Филипче е во паника, зашто се одмотува клопчето и излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес!

Во врска со денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ се огласија во јавноста со писмена реакција, во која му порачуваат на Филипче дека е „дефинитивно заскитан во СДСМ“.

Венко губи (само)контрола и затоа на сопартијците им се закани со „Ќе ве згазам како шлепер жаба“?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платоформата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции: или нека помогнат, или нека ми се тргнат од патот!“

Мицевски: Дали Филипче е уценет, па затоа покажува толкава нервоза околу Бугарија и го навредува Мицкоски со „идиот“?!

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски реагираше остро во врска со скандалозната изјава на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој упати тешки навреди во говор на омраза кон македонскиот премиер и лидер на владеjачката ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста

Проф. Митко Панов: Со политички „гест“, останките на Самоил не смеат да станат историски аргумент

Политичкото и црковното средиште на Самуиловата држава било во Охрид и Преспа, а таа се формирала и развивала независно од ликвидираната бугарска држава и црква во 971 година“, вели македонскиот историчар и византолог

Најнови вести

To top