Во новата колумна на Претседателката на Совет на СДСМ, проф. д-р Ана Чупеска за #Трилинг со наслов ,,Пропагандна наркоза” тврди дека тоа што го тврди не е „кафеанска“ дијагноза, туку тврда емпирија.
Таа колумната која ја објавува СДСМ ја започнува со тврдењето дека фразата „сите се исти“ е најелегантната форма на политичко самоубиство.
Преку колумната Чупеска сака да покаже дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се исти.
Според неа фразата „сите се исти“ претставува намерна пропагандна тактика која служи за политичка демобилизација и пасивизација на неопределените граѓани. Овој политички цинизам ги прави граѓаните лесен плен за дезинформации и ги претвора во послушни статисти наместо во учесници во политичкиот процес.
Тезата на Чупеска е благо речено спорна затоа што ВМРО-ДПМНЕ упорно покажува дека е иста партија со СДСМ која сега има околу 5-6 проценти рејтинг. ВМРО-ДПМНЕ од деуга страна има 3 до четири пари повеќе што укажува дека граѓаните не веруваат во тоа што го тврди Чупеска.
Таа во колумната користејќи го принципот на Фрчкоски ,,наведи повеќе странски автори” за да делуваш поумен се обидува да докаже нешто во што никој не верува.
,,Тоа е нешто слично на доброволна ампутација на сопствениот глас, со која неопределените граѓани самите се успиваат, додека авторитарните партиски ботови си го земаат мандатот без да им капне ниту една капка пот.
Притоа, сакам да нагласам — ова што го тврдам не е „кафеанска“ дијагноза, туку тврда емпирија: контролираните експерименти на Ансолабехере и Ајенгар и студиите на Тилбург и AJC докажуваат дека политичкиот цинизам (проектиран во фразата „сите се исти“) де факто е потврден и успешен модел за политичка демобилизација на граѓаните.
Поточно, оваа намерна гаслајтирачка пропагандна тактика е насочена точно со таква цел — системски и систематски да ги усмрти мисловно и да ги избрка неопределените од политичкиот живот (од промислување, активизам, од гласачките кутии), да им даде наркотична политичка седација (буквално, дури и на неврохемиско ниво скоро и да ги анестезира) со тоа што им ја топи вербата дека нивниот глас има тежина.
Но додека трае наркотична политичка парализа, истовремено — нив ги претвора во лесен плен за дезинформации. Па така, бајасот само се бетонира на долг рок.
Со тоа, гаслајтот е успешен, дијагнозата е поставена — имате политичка депресија!
Во Скопје, дури, алибито дека сите се „исти“ сè уште се носи како Jo Malone или некој уште полуксузен парфем. Седнувате на еспресо со поглед на човек што ги преживеал сите транзиции, го вртите лажичето со поза на мрзлива надмоќ и фрлате: „Брат, сите се исти.“ Во тој миг делувате како да сте го пробиле Матриксот. Но, проблемот е што е точно обратното. Всушност, Матриксот од „Тему“ ве пре…л вас.
Па така, оваа евтина мудрост што звучи демек секси — во реалноста, односно науката (Теохарис, на пр.) докажува дека со таа мантра „сите се исти“ воопшто не сте над играта, туку, многу пожално: вие сте нејзиниот најпослушен статист”, пишува Чупеска во колумната.