Македонија

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

Пишува Драган Милосављевиќ

Ситуацијата е врвка. Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство. Изборот на (не)кадри за раководни позиции, изборот на теми за дискусија, изборот на непријатели, комичната ароганција, баналноста и пренамагањето, никој не може да им ги забрани, се разбира, но стануваат реално напорни за гледање и слушање.  Притоа не мислам на понудата од идеи, туку на несериозноста, дури инфантилноста со која се настапува на јавната сцена, со сета провокаторска нагласеност која како да излегува од умот на едно 12 годишно дете.

И овде, според мене, доаѓаме до една крајно необична ситуација. Медиумите, дури и тие што раководството на СДСМ отворено ги мрази, по сите правила и стандарди ги пренесуваат прес-конференциите, соопштенијата за јавност,  изјавите кои од „Бихаќка“  ревносно се штанцаат на дневна основа. Партиите од владејачката коалиција упорно одговараат на сите прозивки, излегуваат на мегдан по дебатни емисии со сдсмовските првенци, се објаснуваат и докажуваат. Аналитичари се обидуваат да најдат рационално објаснување на гужвата од неповрзани мисли во хаотичните соопштенија на СДСМ, во настапите на Јон и Љубомир Фрчкоски, Андреј Жерновски, Ана Чупевска и Венко Филипче исполнети со лаги, детски инает и иритантна некултура. Последниот испад на Филипче кој на премиерот му се обраќа со идиот, а на внатрешната опозиција и се заканува со газење како жаби, е многу индикативен во тој правец. А целото општество и натаму ги третира како сериозна политичка опција, барајќи суштина онаму каде што одамна нема, за жал, токму и баш ништо.

Некако природно доаѓаме на прашањето до кога вака? Ако некој, по сопствен избор, одлучил да се однесува како разгалено, дрско и безобразно детиште, зошто општеството би требало да го третира како возрасен човек со интегритет и достоинство? До кога би требало да им се придава поголемо значење од она што навистина го имаат? Па свои соопштенија, јавни настапи, пресови и слично имаат и други партиички со секакви луди идеи, понуди и ветувања, ама на никој не му е гајле, зар не? Да, ќе бидат регуларно пренесени од медиумите, таму некаде пред временската прогноза или на сајтовите во рубриката „верувале или не“  и толку. Токму колку што вреди нивниот реален допринос кон политичкиот живот во земјава. Се прашувам, дали е време општеството  природно да ги регулира работите во овој чесен правец и да се самозаштити од деструктивната намера на едно поразено друштво по секоја цена својата сопствена пропаст да и ја прикачи како камен на вратот на целата нација. Впрочем, се си има граници, па зборот игнор можеби ќе биде најсоодветен како привезок на сите идни дејанија од партијата која самоволно ита кон залез.

Се разбира, кога (и доколку) СДСМ повторно се врати во нормалниот политички дискурс, јавноста ќе треба повторно да им даде шанса и да започне со внимание и респект да ги третира нивните политички идеи и ставови.

Најнови вести од: Македонија

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

Реакција на Групата „12:05“: Филипче е во паника, зашто се одмотува клопчето и излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес!

Во врска со денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ се огласија во јавноста со писмена реакција, во која му порачуваат на Филипче дека е „дефинитивно заскитан во СДСМ“.

Венко губи (само)контрола и затоа на сопартијците им се закани со „Ќе ве згазам како шлепер жаба“?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платоформата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции: или нека помогнат, или нека ми се тргнат од патот!“

Мицевски: Дали Филипче е уценет, па затоа покажува толкава нервоза околу Бугарија и го навредува Мицкоски со „идиот“?!

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски реагираше остро во врска со скандалозната изјава на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој упати тешки навреди во говор на омраза кон македонскиот премиер и лидер на владеjачката ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „Мој термин“!

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста

Најнови вести

To top