Македонија

Бесплатни автобуси за „Бела ноќ 2026“ во Скопје

Бела ноќ 2026 ќе трае до 03:00 часот

По повод културната манифестација „Бела ноќ 2026“, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе обезбеди бесплатен јавен превоз за сите граѓани.

Манифестацијата ќе се одржи во сабота, 3 октомври, од 18:00 часот до 03:00 часот наредниот ден.

Од ЈСП Скопје информираат дека бесплатниот превоз е организиран со цел граѓаните непречено да присуствуваат на настанот и навреме да се вратат по завршувањето на програмата.

Претпријатието ги повикува сите да го користат јавниот превоз како за пристигнување, така и за враќање од „Бела ноќ 2026“.

Најнови вести од: Македонија

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

To top