Македонија

Откриен гроб од 6-ти век пред наша ера со оружје и злато во близина на струшко село

Откриени предмети изработени од злато, бронза и од килибар на локалитетот Расница кај струшкото село Корошишта

 

 

Наодите од откритието на археолозите ќе бидат претставени денеска попладне на прес-конференција во Охрид, на која ќе присуствуваат раководителот на археолошките истражувања, д-р Перо Арџанлиев, кустос советник во Националниот археолошки музеј, директорката на Археолошкиот музеј, Магдалена Манаскова, и директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева.

„Истражувањата оваа година донесоа ново исклучително откритие – богато војничко погребување со комплетна воена опрема, меѓу која се откриени штит, шлем, копја, меч и други предмети од злато, бронза, килибар и други материјали. Најновите резултати се од особено значење бидејќи дополнително и недвосмислено го потврдуваат карактерот на локалитетот Расница како некропола од архајскиот период, отворајќи нови можности за проучување на погребните обичаи, воената и општествената структура и елитите што живееле на просторот на Охридско-струшкиот регион во текот на 6 век пред новата ера“, соопштија од Музејот.

Локалитетот Расница привлече внимание во јавноста во 2024 година, кога археолошките истражувања открија монументална гробна целина со исклучително богат археолошки материјал.

Тогаш беа пронајдени бронзен шлем со златни апликации, бронзен штит, златен надградник, златни прстени и фолии, килибарни и стаклени мониста, сребрени игли и кантарос, како и повеќе бронзени садови.

Според археолозите, новото војничко погребување и оружјето пронајдено во него даваат важни податоци за статусот, идентитетот и воената улога на дел од луѓето погребани во некрополата. Тие додаваат дека со континуираните истражувања, Корошишта се издвојува како еден од најзначајните археолошки комплекси од архајскиот период во земјава.

Истражувањата ги спроведува Националниот археолошки музеј од Скопје во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и Музејот од Охрид.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

To top