Македонија

Ахмети губи уште еден партнер – ТДП ја напушта ДУИ

ТДП отсега ќе ги штити приоритетно интересите на турската заедница

Лидерот на ДУИ Али Ахмети губи уште еден сојузник откако Турската демократска партија (ТДП) најави крај на коалицијата со „Фронтот“

Претседателот на Турската демократска партија (ТДП), Зулфиќар Зејнула, во интервју за порталот TimeBalkan најави дека соработката со „Фронтот за Европа“ предводен од ДУИ завршила.

Тој изрази загриженост за сè поостриот политички речник кој го користат двата најголеми етнички блока во земјава, нагласувајќи дека ТДП отсега ќе ги штити приоритетно интересите на турската заедница.

„Одлуката да учествуваме на изборите во 2024 година преку Фронтот беше донесена во согласност со тогашните политички околности и интересот на нашиот народ. Денес сме во нов процес“, вели Зејнула.

Иако пратеникот на ТДП, Бејџан Илијаз, сè уште делува како дел од пратеничката група на Фронтот, во партијата се разгледува можноста за нова политичка ориентација пред локалните избори.

„Немаме затворен став околу идниот коалициски партнер. Она што е важно е заштитата на правата и интересите на турската заедница. Нашата лојалност не е кон коалиции, туку кон принципи“, истакна Зејнула, додавајќи дека ТДП спроведува внатрепартиски консултации и дека, доколку биде потребно, ќе го праша и народот за поддршка на идната насока.

Извор: журнал.мк

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top