Македонија

Македонските аеродроми рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026

ACI-Europe ги рангираше македонските аеродроми како втор најбрзо растечки авијациски пазар во Европа.

Во првите девет месеци од 2026 година, двата македонски аеродрома, со кои управува ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми членка на групацијата АДП, опслужија вкупно 3,3 милиони патници (3.331.685), што претставува зголемување од 29% во споредба со истиот период во 2025 година. Истовремено, бројот на летови во периодот од јануари до септември достигна вкупно 22.147, што е зголемување од 10% во споредба со минатата година.

Според статистиката на ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје опслужи 3.065.692 патници во периодот јануари-септември (пораст од 29,07%) и 20.081 летови (пораст од 8,46%), додека Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид  опслужи 265.993 патници (пораст од 26,76%) и 2.066 лета (пораст од 27,06%) на годишно ниво.

Петте најфрекфентни дестинации според патничкиот авиосообраќај од аеродромот во главниот град на Македонија се: Истанбул со 13,5% удел на пазарот (вклучувајќи ги двата аеродрома – ИГА и Сабиха Ѓокчен); Базел-Милуз со 4,4%; Минхен со 4,1%; Дортмунд со 4%; и Цирих со 3,8% удел на пазарот. 

Петте водечки авиокомпании на Меѓународниот Аеродром Скопје според авиосообраќајот на патници во првите 9 месеци од 2026 година се: Wizz Air (63,8%); Pegasus Airlines (9,4%); Turkish Airlines (4,6%); Ajet Airlines (3,5%) и Austrian Airlines (3,4%).

Во истиот период (јануари-септември), петте најфрекфентни дестинации од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид според авиопатничкиот сообраќај: Братислава со 14,4% удел на пазарот; Базел (12,5%), Дортмунд (12,4%); Меминген (11,7%) и Цирих (8,7%).

Само Унгарската нискобуџетна компанија „ Визер“ превезла најголем дел од патниците на македонските аеродроми во првите девет месеци од годинава, со удел од 63,8% на Скопскиот и дури 70% на Охридскиот аеродром, покажуваат податоците на ТАВ Македонија. Од јануари до септември, Меѓународниот аеродром Скопје опслужил 3.065.692 патници, што е раст од 29,07% во однос на истиот период лани. Од нив, 63,8% биле патници на „Визер“. На второ место е турската нискобуџетна компанија „Пегасус ерлајнс“ со удел од 9,4%, по што следуваат „Туркиш ерлајнс“ со 4,6%, нејзината нискобуџетна подружница „Аџет ерлајнс“ со 3,5% и австриската „Аустриан“, со 3,4% од превезените патници.

Уште поголем е уделот на „Визер“ во Охрид. Од вкупно 265.993 патници кои во првите девет месеци го користеле аеродромот „Свети Апостол Павле“, 70% биле превезени со унгарскиот превозник. Вкупно, двата македонски аеродрома во периодот јануари-септември опслужиле 3.331.685 патници, 29% повеќе од истиот период во 2025 година. Бројот на летови достигнал 22.147, што е раст од 10%.

Најфреквентна дестинација од Скопје е Истанбул, со 13,5% удел во патничкиот сообраќај, кога се земаат предвид двата аеродрома во турскиот град. Следуваат Базел-Милуз со 4,4%, Минхен со 4,1%, Дортмунд со 4% и Цирих со 3,8%. Од Охрид најмногу патници патувале кон Братислава, која има 14,4% удел, а потоа следуваат Базел со 12,5%, Дортмунд со 12,4%, Меминген со 11,7% и Цирих со 8,7%.

Растот на македонскиот авијациски пазар го потврди и АЦИ Европа, според чии податоци Македонија во август била втор најбрзо растечки авијациски пазар во Европа, со раст на патничкиот сообраќај од 34,8%.

Континуираниот пораст на патничкиот авиосообраќај на македонските аеродроми е потврден и со најновиот извештај за воздушниот сообраќај на Меѓународниот Совет на Аеродроми – Европа (Airports Council International-Europe) за август 2026 година.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

(Фото): Европските даночни советници доаѓаат во Скопје

Институтот на сметководители и овластени сметководители го зајакнува меѓународното позиционирање на македонската сметководствена професија, преку активно учество на водечките европски и глобални професионални конференции и форуми. Поедноставувањето на регулаторните барања, намалувањето на административниот товар и создавањето подобри услови за работење на малите и средните претпријатија, беа во фокусот на дискусиите на овие собири.

Јаневска за исхраната на учениците: Утврдивме неправилности, ќе произлезат препораки за училиштата

Министерството за образование и наука (МОН) наскоро до сите училишта во земјата ќе достави препораки за исхраната на учениците, најави денеска од Штип, министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа истакна дека МОН заедно заедно со УНИЦЕФ, Светска банка и неколку невладини организации со коишто соработуваат, направено е истражување за да видат како се […]

To top