Македонија

Бугарија бара „гарантирање на правата на Бугарите во Македонија“, а Македонците за неа таму „не постојат“ и немаат никакви права!

Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за преговарање на обврските преземени од Република Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова за време на денешната парламентарна контрола во бугарското Народно собрание, објавија бугарските медиуми.

Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за преговарање на обврските преземени од Република Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Ова го изјави министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова за време на денешната парламентарна контрола во бугарското Народно собрание, објавија бугарските медиуми.

Изјавата на министерката за надворешни работи, според напишаното, доаѓа како одговор на пратеничките прашања во врска со моменталната состојба на билатералните односи и европската интеграција со западниот соседи.

Министерката Петрова, пишува Бгнес, негираше дека Бугарија е во процес на дискусија или консултации за „промена на веќе утврдените услови и обврски преземени од Скопјe“. Ставот на Софија останува непроменет:  „спроведувањето на договорот во 2022 година е најдиректниот и единствен можен пат за Република Македонија да напредува кон членство во ЕУ“.

Бугарија не поставува нови барања надвор од општоприфатената европска рамка, туку инсистира на строго почитување на досега потпишаните договори и гарантирање на правата на Бугарите во соседната земја, рече Петрова.

Во рамките на парламентарната контрола, министерката за надворешни работи „ја бранеше доследноста на бугарската надворешна политика“, нагласувајќи дека „градењето трајно добрососедство и доверба може да се случи само преку реални акции и спроведување на обврските преземени од страна на Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Контроверзниот Џамбаски бара коските од Гоце Делчев „да се вратат во Бугарија, исто како и на Самуил“!

Контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски бара коските од македонскиот револуционер Гоце Делчев да се вратат во Софија. Тој вели дека по Цар Самоил сега е на ред посмртните останки од Гоце Делчев да заминат за Бугарија. По Цар Самуил, на ред е и Гоце Делчев да се врати во Софија, во Македонскиот дом, каде почива […]

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил!

„Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските позиции!“ – нагласува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски

Преку знаење до економска независност: „Diamond Mall“ ја започна програмата за зајакнување на жените во бизнисот

Програмата е дел од определбата на Diamond Mall да создава вредност за заедницата во која работи и да отвора можности што имаат значење и надвор од просторот на трговскиот центар. Како дел од одбележувањето на својот роденден, Diamond Mall традиционално секоја година реализира општествено одговорна иницијатива, насочена кон различни потреби во заедницата и создавање долгорочна вредност.

Волонтери од ТАВ Македонија подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица

Како дел од своите заложби за корпоративна општествена одговорност, ТАВ Македонија продолжува да ги поддржува локалните заедници преку волонтерски иницијативи и партнерства што ја промовираат солидарноста и социјалната инклузија, потврдувајќи дека и малите дела можат да направат значајна разлика.

Група лекари реагираат, поради „нелегитимност и низа скандалозни одлуки“ и бараат „одговорност во Лекарската комора“!

„Како лекари и членови на Лекарската комора со длабока загриженост и чувство на професионална одговорност реагираме, поради серијата неправилности, кои сериозно го нарушуваат интегритетот на изборниот процес, а со тоа и угледот на целата наша струка.“ – стои во дописот од група на доктори кои биле вклучени во тие избори.

ЕСМ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона

Најнови вести

To top