Македонија

ЕСМ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона

ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона 2026/2027, чиј официјален почеток е предвиден за 15 октомври.

Од компанијата потсетуваат дека редовното одржување на внатрешните грејни инсталации е обврска на потрошувачите, а сите завршени интервенции треба веднаш да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, објави 4news.mk

За непречена испорака на топлинска енергија неопходно е да се обезбеди пристап на службените лица до топлинските потстаници, како и нивно редовно снабдување со електрична енергија.

Од ЕСМ апелираат до заедниците на сопственици навремено да ги подмират сметките за електрична енергија на потстаниците и да ја проверат исправноста на електричните инсталации.

Иако официјалниот почеток на грејната сезона е на 15 октомври, греењето може да започне и порано, доколку временските услови го наложуваат тоа.

Според важечката регулатива, во периодот од 1 до 15 октомври испораката на топлинска енергија може да започне доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден изнесува 12 степени Целзиусови или помалку, врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

До официјалниот почеток на сезоната, ЕСМ Снабдување секојдневно ќе објавува информации за тоа дали се исполнети температурните услови за испорака на топлинска енергија, објави 4news.mk

Потрошувачите можат да проверат и дали нивната зграда се наоѓа на списокот на објекти што не ги исполнуваат условите за испорака на топлина, објавен на интернет-страницата на компанијата.

За пријавување дефекти, завршени интервенции и дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, како и во службите на ЕСМ Енергетика на 02 3104 816 и 02 3104 872.

Од ЕСМ нагласуваат дека навремената подготовка на инсталациите и обезбедувањето пристап до потстаниците се клучни за сигурна и непречена испорака на топлинска енергија во текот на зимата.

Најнови вести од: Македонија

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница за забраната на сонцето од Кутлеш

Градските власти на Мелбурн ја признаа грешката по независна анализа на одлуката со која македонските учесници беа спречени да го носат знамето на фестивалот Мумба. Во март годинава градот Мелбурн им наложил на македонските учесници на овој фестивал да го користат само државното знаме на Македонија.

Студентите се враќаат во „Кузман Јосифовски – Питу“, домот се отвора за еден месец

Владата и студентските претставници разговараат за промена на досегашниот начин на субвенционирање. Предложениот модел предвидува зголемување на месечната поддршка од досегашните 3.500 на 4.500 денари, воведување посебна дигитална услуга преку платформата „М-услуги“, како и дополнителни попусти при купување храна во вклучените угостителски и трговски објекти.

Македонија планира инвестиции од пет до шест милијарди евра во патишта и во железници

На форумот се разговараше и за примената на вештачката интелигенција и современите технологии. Николоски посочи дека со измените на Законот за јавните набавки се предвидува воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за автоматизирано следење на постапките и откривање неправилности и ризици.

Силјановска-Давкова: Ние сме рекордери во промената на Уставот, за три децении 36 пати!

Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор – истакна денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова на отворањето на научната конференција по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија. Конференцијата е во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

Христовски: Мала е опасноста од терористички активности во Македонија

„Мала е опасноста од од терористички активности во Република Македонија, каква што е подолго време наназад, и покрај глобалните трендови на зголемување.“ – изјави денеска директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, откако беше запрашан за состојбата во Македонија, поврзано со повикот на американската амбасада во Бугарија до своите граѓани за внимателност во Бугарија.

„Рамковниот“ и „преспанскиот инженеринг“ на Уставот од 17 ноември 1991 со 36-те амандмани за 35 години целосно ја урнисаа македонската „уставна приказна“ (4)

Првиот устав на независна Македонија од 17 ноември 1991 година е од редот на така наречените „национални устави“. Во најголемиот број негови суштински елементи тој беше на исто ниво и содржински и во поглед на содржаните принципи како и 165 од вкупно 189 национални устави во светот. Во изминатите 35 години до денес извршени се осум пати дури 36 амандмански  интервенции во уставот, од што двапати во преамбулата, во 2001 и 2019 година:  никаде во ниеден устав на ниедна држава во светот не се вршени упаѓања во преамбула со амандмани. Ова што се случувало со македонскиот устав од 1991 година. по барање на Грција во 1992 година, потоа „рамковниот инженеринг“ во 2001 година и бришењето на националниот, асномски карактер на Македонија како држава, па „преспанскиот инженеринг“ и бришењето дури и името Македонија на државата со амандмани во преамбула, сето тоа доволно јасно говори каков е сегашниот устав. Тој е сега идентитетски обезличен, со избришана државотворност на македонскиот народ и на неговите врски со матичната држава, за која војувал, со присилно „ампутирани“ врски и со Македонците во соседните држави како тамошни малцинства.

АНБ: Криминални структури подготвувале атентат во соседна земја

Станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземаат подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт, атентат врз претходно дефинирано лице, во Грција

To top