Македонија

Преку знаење до економска независност: „Diamond Mall“ ја започна програмата за зајакнување на жените во бизнисот

Програмата е дел од определбата на Diamond Mall да создава вредност за заедницата во која работи и да отвора можности што имаат значење и надвор од просторот на трговскиот центар. Како дел од одбележувањето на својот роденден, Diamond Mall традиционално секоја година реализира општествено одговорна иницијатива, насочена кон различни потреби во заедницата и создавање долгорочна вредност.

По повод третиот роденден, започна програмата на Diamond Mall за економско зајакнување на жените, иницијатива која нуди практична обука, но и им помага на учесничките да стекнат нови знаења, вештини и самодоверба за следниот чекор, а со цел обезбедување економска независност.

Програмата е наменета за жени од ранливи категории, меѓу кои самохрани мајки, невработени, жени со ниски приходи, како и жени кои немаат претходно работно искуство, но имаат желба да се развиваат, да најдат работа или да стартуваат сопствена деловна активност. Во текот на следните недели тие ќе имаат можност да учат, да развиваат нови вештини и чекор по чекор да се подготвуваат за нови професионални можности.

  • „Веруваме дека вистинското економско зајакнување започнува кога една жена ќе ја препознае сопствената вредност и ќе поверува дека може да направи повеќе. Но, за тоа се потребни и знаење, поддршка и охрабрување да се направи конкретен чекор. Токму тоа сакаме да го понудиме со оваа програма – простор во кој жените ќе можат да учат, да ги развиваат своите вештини и идеи, да се поврзуваат со други жени и со поголема сигурност да ја градат својата професионална иднина“, изјави Селин Анил Октај, директорка за управување со имот во Limak Skopje.

Во рамки на програмата, учесничките ќе ги совладаат основите на дигиталните алатки, финансиите и практичната примена на вештачката интелигенција како личен асистент. Обуките ќе ги водат искусни предавачи, со фокус на тоа технологијата да биде разбирлива и применлива во секојдневната работа. За оние кои веќе изработуваат сопствени производи, програмата предвидува работилница „Од рачна изработка до успешен пласман на пазарот“, преку која учесничките ќе научат како своите изработки да ги подготват за пазарот и како да ги претстават пред потенцијалните купувачи.

Големо внимание ќе биде посветено и на развивањето на таканаречените меки вештини, при што учесничките ќе добијат практични совети како подобро да се подготват за процесот на самовработување, вработување и претприемништво. Важен дел од програмата се и мотивациските говори. Тие ќе ги охрабрат учесничките да ги препознаат своите силни страни и да веруваат во своите можности.

Програмата е дел од определбата на Diamond Mall да создава вредност за заедницата во која работи и да отвора можности што имаат значење и надвор од просторот на трговскиот центар. Како дел од одбележувањето на својот роденден, Diamond Mall традиционално секоја година реализира општествено одговорна иницијатива, насочена кон различни потреби во заедницата и создавање долгорочна вредност. Оваа година, фокусот е ставен на економското зајакнување на жените. За компанијата, ова е начин третиот роденден да биде одбележан не само со прослава, туку и со иницијатива што трае многу подолго од еден ден.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

(Фото): Завршија обуките за прва помош за воспитувачки и негователки во Карпош

Во текот на неколкудневната обука, стручни тимови на Црвениот крст, составени од координатор и доктор, преку теоретски предавања и практични вежби им овозможија на учесничките да ги надградат своите знаења и практични вештини за навремено и соодветно постапување во ситуации кога е потребна прва помош.

Контроверзниот Џамбаски бара коските од Гоце Делчев „да се вратат во Бугарија, исто како и на Самуил“!

Контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски бара коските од македонскиот револуционер Гоце Делчев да се вратат во Софија. Тој вели дека по Цар Самоил сега е на ред посмртните останки од Гоце Делчев да заминат за Бугарија. „По Цар Самуил на ред е и Гоце Делчев да се врати во Софија, во Македонскиот дом, каде што […]

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил!

„Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските позиции!“ – нагласува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски

Волонтери од ТАВ Македонија подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица

Како дел од своите заложби за корпоративна општествена одговорност, ТАВ Македонија продолжува да ги поддржува локалните заедници преку волонтерски иницијативи и партнерства што ја промовираат солидарноста и социјалната инклузија, потврдувајќи дека и малите дела можат да направат значајна разлика.

Група лекари реагираат, поради „нелегитимност и низа скандалозни одлуки“ и бараат „одговорност во Лекарската комора“!

„Како лекари и членови на Лекарската комора со длабока загриженост и чувство на професионална одговорност реагираме, поради серијата неправилности, кои сериозно го нарушуваат интегритетот на изборниот процес, а со тоа и угледот на целата наша струка.“ – стои во дописот од група на доктори кои биле вклучени во тие избори.

Бугарија бара „гарантирање на правата на Бугарите во Македонија“, а Македонците за неа таму „не постојат“ и немаат никакви права!

Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за преговарање на обврските преземени од Република Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова за време на денешната парламентарна контрола во бугарското Народно собрание, објавија бугарските медиуми.

Најнови вести

To top