Македонија

Контроверзниот Џамбаски бара коските од Гоце Делчев „да се вратат во Бугарија, исто како и на Самуил“!

Контроверзниот Ангел Џамбаски, кој се „прослави“ со фашистичкиот поздрав среде Европскиот парламент, истапува со тешка и дрска провокација кон Македонија и македонскиот народ!

Контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски бара к„оските од македонскиот револуционер Гоце Делчев да се вратат во Софија“. Тој вели дека „по Цар Самоил сега е на ред посмртните останки од Гоце Делчев да заминат за Бугарија“.

„По Цар Самуил на ред е и Гоце Делчев да се врати во Софија, во Македонскиот дом, каде што почива до 8 октомври 1946 година!“ – напиша Џамбаски на фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

To top