Македонија

Волонтери од ТАВ Македонија подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица

Како дел од своите заложби за корпоративна општествена одговорност, ТАВ Македонија продолжува да ги поддржува локалните заедници преку волонтерски иницијативи и партнерства што ја промовираат солидарноста и социјалната инклузија, потврдувајќи дека и малите дела можат да направат значајна разлика.

Во пресрет на Светскиот ден на бездомништвото, вработените од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми се обединија околу заедничка мисија: да донесат надеж на оние на кои им е најпотребна. Преку хуманитарната иницијатива на ТАВ Македонија „ТАВ Готви“, како и во рамките на корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми, ‘Hope On Board’, вработените, волонтери, подготвија 170 пакети со храна за корисниците на Пунктот за  бездомници Момин Поток, управуван од Црвен крст на Македонија – Црвен крст на Град Скопје. Иницијативата ја одразува посветеноста на аеродромскиот оператор за поддршка на ранливите категории граѓани преку значајни волонтерски активности и поттикнување општествена солидарност.

Активноста ги обедини колегите од ТАВ Аеродроми со заедничка цел: да обезбедат практична поддршка и солидарност за лицата кои се соочуваат со тешки животни околности. Покрај подготовката на пакетите со храна, волонтерите го вложија своето време, грижа и човечност, покажувајќи како заедничкото дејствување може да направи позитивна промена во животите на другите.

  • „Како аеродромски оператор, нашата улога не е само да поврзуваме дестинации. Подеднакво сме посветени и на придонесот кон благосостојбата на заедниците на кои им служиме. Преку „ТАВ Готви“ и во рамките на корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми ‘Hope On Board’, испраќаме порака дека солидарноста, сочувството и грижата можат да помогнат во подобрување на животите и зајакнување на заедниците. Горди сме што повторно соработуваме со Црвениот крст и ги поддржуваме корисниците на Пунктот за бездомни лица „Момин Поток“. Оваа иницијатива покажува дека кога луѓето се обединуваат околу заедничка цел, дури и малите дела можат да создадат значајни промени“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Волонтерската активност беше организирана во духот на Светскиот ден на бездомништвото, кој секоја година се одбележува на 10 октомври, потврдувајќи ја долгогодишната посветеност на ТАВ Македонија кон поддршка на ранливите општествени групи преку одржливи и влијателни програми за корпоративна општествена одговорност.

Како дел од своите заложби за корпоративна општествена одговорност, ТАВ Македонија продолжува да ги поддржува локалните заедници преку волонтерски иницијативи и партнерства што ја промовираат солидарноста и социјалната инклузија, потврдувајќи дека и малите дела можат да направат значајна разлика.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

(Фото): Завршија обуките за прва помош за воспитувачки и негователки во Карпош

Во текот на неколкудневната обука, стручни тимови на Црвениот крст, составени од координатор и доктор, преку теоретски предавања и практични вежби им овозможија на учесничките да ги надградат своите знаења и практични вештини за навремено и соодветно постапување во ситуации кога е потребна прва помош.

Контроверзниот Џамбаски бара коските од Гоце Делчев „да се вратат во Бугарија, исто како и на Самуил“!

Контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски бара коските од македонскиот револуционер Гоце Делчев да се вратат во Софија. Тој вели дека по Цар Самоил сега е на ред посмртните останки од Гоце Делчев да заминат за Бугарија. „По Цар Самуил на ред е и Гоце Делчев да се врати во Софија, во Македонскиот дом, каде што […]

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил!

„Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските позиции!“ – нагласува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски

Преку знаење до економска независност: „Diamond Mall“ ја започна програмата за зајакнување на жените во бизнисот

Програмата е дел од определбата на Diamond Mall да создава вредност за заедницата во која работи и да отвора можности што имаат значење и надвор од просторот на трговскиот центар. Како дел од одбележувањето на својот роденден, Diamond Mall традиционално секоја година реализира општествено одговорна иницијатива, насочена кон различни потреби во заедницата и создавање долгорочна вредност.

Група лекари реагираат, поради „нелегитимност и низа скандалозни одлуки“ и бараат „одговорност во Лекарската комора“!

„Како лекари и членови на Лекарската комора со длабока загриженост и чувство на професионална одговорност реагираме, поради серијата неправилности, кои сериозно го нарушуваат интегритетот на изборниот процес, а со тоа и угледот на целата наша струка.“ – стои во дописот од група на доктори кои биле вклучени во тие избори.

Бугарија бара „гарантирање на правата на Бугарите во Македонија“, а Македонците за неа таму „не постојат“ и немаат никакви права!

„Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за преговарање на обврските преземени од Република Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија.“ – изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова за време на денешната парламентарна контрола во бугарското Народно собрание, објавија бугарските медиуми.

Најнови вести

To top