Само неколку часа откако Доналд Трамп триумфално објави дека се договорил со Владимир Путин за увоз на милиони тони руски дизел, а Володимир Зеленски рече дека „мирот никогаш не се постигнува преку слабост“, беше нападнат клучен нафтен терминал во Русија.
Трамп се договори со Путин: Русија веднаш ќе „пушти“ дизел за САД и за глобалниот пазар!
Синоќа голем пожар зафати постројка за извоз на нафта во Ростов на Дон по масовен напад со беспилотно летало, пишува Киев Индипендент.
Тоа е стратешки објект кој служи за претовар на нафтени деривати за извоз, вклучително и пратки од блиската рафинерија Новошахтинск.
Објавените видеа покажуваат огромен пламен и густ црн чад како извира од индустрискиот комплекс, а локални извори велат дека пожарот беснеел со часови.
Регионалните руски власти го потврдија пожарот и работата на противвоздушната одбрана, но избегнаа директно да ја признаат штетата на терминалот, додека украинската војска официјално не ја презеде одговорноста.
Според официјалните податоци на рафинеријата, терминалот во Ростов на Дон има годишен капацитет за прифаќање и испорака на дури 3,5 милиони тони нафтени деривати – токму оние што Русија ги пласира на странските пазари.
Овој удар има јасна политичка и стратешка тежина бидејќи доаѓа веднаш откако Трамп најави драстичен пресврт во американската надворешна политика и де факто ја прекина енергетската блокада на Москва.
Just hours after the U.S. eased sanctions on Russian fuel exports, Ukrainian attack drones struck the NZNP Rostovsky oil products export terminal in the Russian city of Rostov-on-Don.
The Russian fuel export terminal was set ablaze. pic.twitter.com/AaHzazyjS9
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) October 10, 2026