Свет

Трамп лут зошто не доби Нобелова награда

„Тоа е трајна дамка на земјата Норвешка и луѓето кои донесоа таква срамна и непријатна одлука“, изјави тој

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово ја критикуваше одлуката да не му се додели Нобеловата награда за мир,.
Тој ја опишуваа одлуката а како срамна и непријатна тврдејќи дека таа оставила трајна дамка на Норвешка.

Трамп ова го изјави на предизборен митинг во Сиракуза, Њујорк, неколку часа откако беше објавено дека овогодинешната Нобелова награда за мир и беше доделена на Нави Пилај, поранешна судијка во Меѓународниот кривичен суд која го надгледуваше извештајот на Обединетите нации во кој беше заклучено Израел извршил геноцид во Газа.

Трамп ја нарече Пилај „мистериозна личност“ и тврди дека јавноста не знае која е таа.

Секоја година од неговиот мандат американскиот претседател го изразува своето незадоволство поради тоа што не ја доби Нобеловата награда за мир.

„Тоа е трајна дамка на земјата Норвешка и луѓето кои донесоа таква срамна и непријатна одлука“, рече Трамп.

Тој наведе неколку конфликти за кои тврди дека бил вклучен во решавањето и тврди дека помогнал да се спречат војните меѓу Северна и Јужна Кореја, Јапонија и Северна Кореја и Кина и Тајван. Во исто време, тој не презентираше докази за поддршка на овие тврдења.

Трамп тврдеше дека Нобеловата награда за мир го изгубила кредибилитетот поради, како што рече, „неколку радикални идеолози“ кои се противат на демократијата и претставуваат „непријатели на цивилизацијата“. „Порака до Норвешка, никогаш нема да ја заборавиме“, рече тој.

Трамп пак посакува да добие „Нобелова“ за мир

Најнови вести од: Свет

To top