Македонија

Од денеска Охрид, Струга, Дебар и Кичево добиваат систем „Безбеден град“

По техничките проверки и финалното тестирање, камерите на системот ќе бидат пуштени во употреба на подрачјето на СВР Охрид“, наведоа од Министерството за внатрешни

Системот „Безбеден град“ од денес ќе започне да функционира на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид (СВР Охрид) – поточно во градовите Охрид, Струга, Дебар и Кичево.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека, по извршените проверки и тестирања, камерите на системот ќе бидат пуштени во употреба на територијата на СВР Охрид, пренесува „Телеграфи“.

„По техничките проверки и финалното тестирање, камерите на системот ќе бидат пуштени во употреба на подрачјето на СВР Охрид“, наведоа од Министерството, апелирајќи до возачите да ги почитуваат сообраќајните прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Системот „Безбеден град“ започна со работа на 1 февруари оваа година; по тоа следеше двомесечен период на прилагодување, во текот на кој граѓаните беа известувани за сообраќајните прекршоци, додека системот се тестираше и усовршуваше.

Најнови вести од: Македонија

И Ива Михаилова замина на „лекување“ во Бугарија

Жителката на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка со смртни последици, ја напуштила земјава заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ”

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја обезбеди при големиот пожар кој пред една година зафати дел од фабриката на македонскиот бренд „Винчини“ во Виница.

Страстен македонски патриот и извонредно остроумен професионален војник

Генерал Михајло Апостолски не бил агресивен комунист, но е страстен македонски патриот кој за време на војната покажа дека е храбар и способен водач и од јуни 1944 година стана Главен командант на македонскиот партизански отпор

Моќната одбрана на Анатол Франс на Македонците во 1903 – европско „бетонирање“ на идентитетот наспроти бугарско-грчките оспорувања (1)

„Во Македонија турските војници и чиновници масакрираат селани и ги силуваат нивните ќерки и жени. Овие злосторства, извршени за срам на Европа, мора да бидат казнети од Европа. Загрижени сме за судбината на Ерменците и Македонците, не затоа што се христијани, туку затоа што се човечки суштества. Како гаранција за нивното спасение и заради воспоставување сеопшт мир, бараме целосно спроведување на Берлинскиот договор во однос на Ерменија и Македонија. “ – истакнал францускиот писател Анатол Франс во својот знаменит говор, одржан на 18 март 1903 година во Париз на собир, заради поддршка на Ерменија и Македонија. Со тоа уште пред 123 години во срцето на Франција и Европа овој великан на интелектуална Франција едновремено изнесува и моќна потврда на идентитетот на македонскиот народ. Но искажува и заложба за македонска државност и политичка самостојност согласно со Берлинскиот договор од 1878 година, особено во однос на Бугарија и Грција – денешните најжестоки негатори на Македонија и Македонците. Денес се навршуваат 102 години од смртта на овој бележит Француз – бескомпромисен борец и за македонската вистина среде Европа. Оваа годишнина е соодветен повод за ново навраќање кон неговото промакедонско дело, со кое тој трајно заслужува посебно место во колективното паметење на македонскиот народ. Чествувањето на Анатол Франс е чествување и на самите нас како народ со своја самобитност и македонски идентитет.

To top