Македонија

Над сто казни за брзо возење за само 6 часа

Контролата ја реализирало Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 11 октомври, во периодот од 14 до 20 часот.

Вкупно 102 санкции за возење со брзина поголема од дозволената изрекла полицијата при акциска контрола спроведена вчера во Скопје.

Контролата ја реализирало Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера, на 11 октомври, во периодот од 14 до 20 часот.

Покрај казните за пребрзо возење, полициските службеници изрекле уште три мерки за други прекршоци според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Санкциониран бил и возач кој управувал возило без возачка дозвола, против кого ќе биде поднесена кривична пријава според член 297-а од Кривичниот законик.

Од полицијата посочуваат дека сите што ги прекршуваат сообраќајните правила ќе се соочат со законски предвидените глоби. Контролите ќе продолжат и во наредните денови, а до учесниците во сообраќајот е упатен апел да ги почитуваат прописите и да придонесат за поголема безбедност на патиштата. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

И Ива Михаилова замина на „лекување“ во Бугарија

Жителката на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка со смртни последици, ја напуштила земјава заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ”

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја обезбеди при големиот пожар кој пред една година зафати дел од фабриката на македонскиот бренд „Винчини“ во Виница.

Страстен македонски патриот и извонредно остроумен професионален војник

Генерал Михајло Апостолски не бил агресивен комунист, но е страстен македонски патриот кој за време на војната покажа дека е храбар и способен водач и од јуни 1944 година стана Главен командант на македонскиот партизански отпор

To top