Македонија

Сеќавање на големиот Македонец кој до последно водеше битка за својата македонска мисија

Врвен интелектуалец кој се бореше за целосно интегрирање на Македонците со муслиманска вероисповест во матичниот Македонски народ

Сојузот на Македонците со Исламска религија оддаде почит кон првиот Председател на КНМММ Др. Нијази Лимановски.

,,Поминаа 29 години, неговите дела продолжуваат да ни бидат смерница во заложбите за целосно интегрирање во матичниот Македонски народ, а нашата Исламска религија треба да биде наша предност во градење на мултиетничка држава Македонија. Рахмет и џелнет. Почивај во мир голем човеку”, објави претседателот на Сојузот, Латиф Пајкоски на годишнината од смртта на Лимановски.

Проф. д-р Нијази Лиманоски е роден на 27 јули 1941 во Ростуше, Долна Река, а починал на 11 октомври 1997.

Тој е етнолог и борец за националното обединување на Македонците без разлика на верската припадност.
Бил доцент на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Основоположник е на Културно-научните манифестации на Македонците муслимани а бил претседател на Здружението на етнолозите на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top