Македонија

Поларен бран ни се заканува во наредните денови

Тмпературите можат да паднат и под -10 степени целзиусови

Европски центар за Среднорочна прогноза предвидува продор на поларен бран од Арктикот низ целиот Балкан и Македонија во текот на третата декака од месец октомври.

Топлификација пријатно ќе ги изненади корисниците

Сето ова може да донесе многу ниски температури на воздухот (и под -10 степени), објави метеорологот Славчо Попоски, објави порталот Фактор

„Што се однесува до врнежите, се цртаат послаби локални врнежи од снег ширум Балканскиот Полуостров во погоре споменатиот период.

Да напоменам дека станува збор за многу неофицијална метео анализа и дека со новите ажурирања на овој метеоролошки модел секако ќе има понатамошни промени околу ова сценарио, но за кави промени ќе станува збор ќе дознаете токму во следните мои метео објави. Со ова сакам да кажам, дека оваа најава во никој случај не треба да се сфати сериозно и здраво за готово, туку ова е само многу неофицијална метеоролошка најава“, објави тој.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска Давкова: Токму театарот нè учи да погледнеме подалеку од разликите

Ја повтори минатогодишната желба – детскиот театар конечно да добие пристоен дом, каков што заслужуваат неговите талентирани и вредни станари и нивните најчести и најверни гости- децата! 

Кои средношколци ќе го освојат милионот? Започна натпреварот за најдобра бизнис-идеја

Средношколците од цела Македонија повторно имаат можност да освојат 1.000.000 денари за своја бизнис-идеја. Започна второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја на средношколци, во организација на Brainster Next College и NU High School Academy, а пријавувањето е отворено до 8 ноември на milioner.mk. Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта.

To top