Македонија

Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект каде што во следните четири години се предвидува отворање на нови 2.000 работни места, информира денес премиерот Христијан Мицкоски.

Таму ќе се произведувааат автомобилски компоненти за германскиот гигант Ауди. Не треба да ве потсетувам што е Ауди и што значи за автомобилската индустрија. Ова е важна инвестиција за Битола, за Пелагонискиот Регион и за целокупната економија, но и потврда дека како држава располагаме со квалификувана работна сила и индустриски капацитети кои можат да одговорат на највисоките европски стандарди. Во фабриката во индустриската зона Жабени ќе се произведуваат системи за нов модел на Ауди, со планиран обем од над 3.000 снопови дневно. Инаку, проектот предвидува и воведување современи технологии и дигитализација на производството. „Кромберг и Шуберт“ досега има реализирано три инвестициски проекти во Жабени. Во Битола до сега се околу 5.300 или 5.280, во Скопје се нешто над 1.700, со овој проект ќе дојдеме веќе до 10.000 вработени. Така што довербата што ја има „Кромберг и Шуберт“ во земјата е огромна, посочи премиерот.

За Битола и цела Пелагонија ова значи нов развоен импулс, за локалното стопанство дополнителни можности, а за граѓаните перспектива за стабилна работа и економска сигурност.

-Нашата цел е да бидеме препознаени како сигурна и конкурентна инвестициска дестинација, со силна индустрија, зголемен извоз. Тоа го разговаравме пред почетокот на оваа прес-конференција, следната година од „Кромберг и Шуберт“ очекуваат да надминат 400 милиони евра извоз од своите производни капацитети кај нас. И подобро платени работни места, навистина просечните плати, посебно за висококвалификуваниот кадар се над 80% над просекот во Македонија. Упатувам благодарност до раководството на „Кромберг и Шуберт“ за довербата, како и до сите вработени кои со својата стручност и посветеност придонесуваат за реализација на вакви проекти. На крај, сакам да испратам јасна порака. Ова се нашите цели, ова се нашите приоритети и вака треба да работиме и во иднина за сопствената татковина. Со конкретни инвестиции, со отворање работни места и со резултати. За жал имаме сѐ уште политички сили коишто се преокупирани со секојдневни политички пресметки, кои што се базирани на конструкции, лаги и измислици, а ние ќе останеме посветени на она што им е важно на граѓаните, тоа се капитални инвестиции, и проекти и приватни инцијативи од овој тип, коишто овозможуваат илјадници работни места, добро платени илјадници работни места. Со тоа ја правиме разликата, којашто е во делата, а не во зборовите. Граѓаните очекуваат работа, одговорност и резултати, и по тој пат ќе продолжиме, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

Неврологот Барбов се чувствува злоупотребен од Ива: Предложив да се лекува во Бугарија, но таа се преправаше!

Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со посттраумтска повреда по сообраќајната несреќа.

Мицкоски: Бугарските политичари прават естрадна ѕвезда од Ива Михајлова, а од татко ѝ кловн, но двајцата ќе одговараат когаш-тогаш!

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече дека е апсолутна лага оти Ива Михајлова легално ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија и изрази жалење што бугарските власти, наместо да ја вратат, прават естрадна ѕвезда од неа порачувајќи дека „когаш-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат пред македонските власти“.

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија, поради утврдени микробиолошки и физичко-хемиски отстапувања од нормите

Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење од пет јавни чешми, согласно добиените резултати од Центарот за јавно здравје во Велес. Како што информираат од Општината, по направени анализи на пет места, резултатите од редовното испитување покажале дека водата не ги исполнува условите за безбедност и квалитет за пиење. Станува збор за природната чешма „Мурџева“ во Негорци, спомен-чешмата „Катерина“ во Конско, природната чешма на патот во Старо Конско, природната минерална чешма во Смрдлива Вода и водата од водоводот во Смрдлива Вода.

Венетски: Бугарите имаат криза на идентитетот, се срамат од сопствениот и бегаат кон македонскиот идентитет!

„Со паради и театар, како овој со Цар Самоил или поновиот со Ива Михаилова, Бугарите јасно покажуваат дека имаат класична криза на идентитетот и се срамат од тоа што се, па незадоволни од сопственото бараат друг идентитет, во овој случај македонскиот идентитет.“, изјави истражувачот Дардан Венетски во „За Македонските работи“ на ТВ Алфа.

Љупчо Георгиевски тврди „немало фашисти во Бугарија“, но факт е дека била членка на фашистичката Оска на Хитлер и окупатор на Македонија!

Лидерот на ВМРО-Народна партија и поранешен македонски премиер Љупчо Георгиевски реши да одржи мала историска лекција на фејсбук. Наброја фашисти и соработници на нацистите од Франција до Русија и Србија, за на крајот да ја соопшти поентата: „Единствено фашисти немаше во Бугарија“. Тоа не е точно. Во Бугарија пред и за време на Втората светска војна постоеле повеќе организации кои во историографијата се идентификуваат како фашистички, профашистички или националсоцијалистички. Не може да се избрише од историјата фактот дека Бугарија била членка на фашистичката Оска и окупатор во Македонија. Ова се нагласува во статијата, објавена во „Плус инфо“ со наслов „Љупчо Георгиевски тврди дека немало фашистички организации во Бугарија – имало, имало, обаче Љупчо не сака да знае за нив“.

Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, ете ги „успесите“ на СДС и Филипче

Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација

Најнови вести

To top