Македонија

Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, ете ги „успесите“ на СДС и Филипче

Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација

„Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ. Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација која има за цел да создаде чувство на лажна сигурност и обид политички да се покрие грешката со која владата на СДСМ го прифати бугарското билатерално прашање како составен дел од ‘францускиот предлог’“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.

„За жал, демантот на ваквото лажно тврдење на претседателот на СДСМ доаѓа токму од документите на ЕУ, меѓу кои е и последната стратегија ‘Preparing for a wider Union’, каде се нагласуваат членот 55 од Договорот за ЕУ и чл.342 од Договорот за функционирањето на ЕУ. Правилото е едноставно: официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ! Односно, ЕУ може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниедна земја членка да нема приговор/ вето на таквото барање.

Ваквата методологија на одлучување во комбинација со Декларацијата која официјална Софија ја достави до Советот на ЕУ во јули 2022 со нагласување дека споменувањето на македонскиот јазик во преговарачката рамка не може да се толкува како негово признавање од страна на Бугарија, е доволна и за политички аматер да може да погоди која ќе биде земјата која ќе стави вето за впишување на македонскиот јазик како официјален јазик на ЕУ, при евентуална можност за зачленување во Унијата. За жал, тоа се “плодовите” од сервилните потписи на владата на СДСМ и ДУИ ставени на Договорот за добрососедство од август 2017, како и на вториот протокол и анекс на Договорот од јули 2022 година. Евтините потписи на Заев и Бујар Османи, скапо ќе ја чинат Македонија и ќе бидат постојан ризик за официјалната промоција на македонскиот јазик во рамките на ЕУ.

Користењето на терминот македонски јазик во преговарачката рамка на ЕУ не е ист правен акт со потребата од нова едногласна одлука за негово вклучување меѓу официјалните јазици на ЕУ во иднина. Тука ветото од Бугарија, според досегашниот однос на официјална Софија, е кец во кец.

Затоа, кога станува збор за идентитетските прашања и македонскиот јазик, важно е да се знае реалноста, а тоа е дека со ниту еден документ досега не е потврдено, уште помалку загарантирано дека македонскиот јазик би добил едногласна одлука за да биде впишан како еден од службените јазици на ЕУ при евентуалното членство во сојузот. Од страна на Македонија ќе биде потребно да се вложи огромен политички напор, континуиран дипломатски ангажман и сериозни сојузници за да се поправат овие трасирани грешки на претходната влада.

И на крај во контекст на оваа тема, добро е да се напомене дека во моментов во Брисел се водат преговори дали да во подготвувањето на нацрт пристапниот Договор за евентуалното членство на Црна Гора во ЕУ да се впише и црногорскиот јазик како нов службен јазик на Унијата. Без да се прејудицира исходот, засега дипломатски може да се рече дека за оваа тема кај најмалку една земја членка постојат лингвистички дилеми. Дилемата пак за буџетските трошоци и логистиката за превод во секоја ЕУ институција на уште еден нов официјален јазик е дополнително присутна кај уште 2-3 членки. Но, за неколку месеци ќе има и појасна слика за оваа тема, како и за политичката клима дали во ЕУ постои едногласност за нови официјални јазици.

Компаративно, без разлика на нивните историски спорови и конфликти, сепак рационалноста на Шпанија и Португалија, на Германија и Полска, како и разумноста на Данска и Шведска, за жал, сеуште се далечни стандарди во споредба со (не)прагматичноста на Бугарија во односот кон Македонија“, додаде Милошоски.

Најнови вести од: Македонија

Љупчо Георгиевски тврди „немало фашисти во Бугарија“, но факт е дека била членка на фашистичката Оска на Хитлер и окупатор на Македонија!

Лидерот на ВМРО-Народна партија и поранешен македонски премиер Љупчо Георгиевски реши да одржи мала историска лекција на фејсбук. Наброја фашисти и соработници на нацистите од Франција до Русија и Србија, за на крајот да ја соопшти поентата: „Единствено фашисти немаше во Бугарија“. Тоа не е точно. Во Бугарија пред и за време на Втората светска војна постоеле повеќе организации кои во историографијата се идентификуваат како фашистички, профашистички или националсоцијалистички. Не може да се избрише од историјата фактот дека Бугарија била членка на фашистичката Оска и окупатор во Македонија. Ова се нагласува во статијата, објавена во „Плус инфо“ со наслов „Љупчо Георгиевски тврди дека немало фашистички организации во Бугарија – имало, имало, обаче Љупчо не сака да знае за нив“.

To top