Бизнис

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

Македонските домаќинства најголем дел од своите средства ги трошат за основни животни потреби, а храната и безалкохолните пијалаци остануваат најголемата ставка во семејните буџети. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека значителен дел од парите што ги имаат домаќинствата се насочуваат кон секојдневните трошоци – пред сè за исхрана, домување и транспорт. Според „Статистичкиот годишник на Македонија 2025“, во просек домаќинствата најмногу средства издвојуваат за храна и безалкохолни пијалаци, категорија која зафаќа околу половина од домашниот буџет. За оваа намена просечно се трошат околу 159.750 денари годишно, односно повеќе од 13.000 денари месечно.

Најголем дел од парите за храна одат за месо. Просечно домаќинство годишно издвојува околу 38.397 денари за месни производи, а веднаш потоа следуваат млекото, млечните производи и јајцата со околу 30.411 денари. За производи од жито, како леб, брашно, тестенини и ориз, се трошат околу 25.079 денари, додека за зеленчук околу 21.373 денари годишно. 

По храната, најголеми трошоци се домот и сметките. Втората голема ставка во семејните буџети се трошоците поврзани со домувањето – станарини, електрична енергија, вода, греење и други режиски трошоци. Според податоците од ДЗС, за овие потреби домаќинствата одвојуваат значаен дел од личната потрошувачка.

Следуваат трошоците за сообраќај, каде влегуваат гориво, одржување на возила и јавен превоз, како и издатоците за алкохолни пијалаци и тутун.

Што најмногу се купува од храната?

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. Интересно е што и покрај различните навики во исхраната, рибата останува меѓу производите за кои домаќинствата издвојуваат најмалку средства во споредба со другите категории храна.

За што остануваат најмалку пари?

На дното на листата се трошоците за образование, рекреација и култура, што покажува дека по покривање на основните потреби, домаќинствата имаат помал простор за издвојување средства за дополнителни активности и услуги. Податоците на Државниот завод за статистика ја покажуваат структурата на потрошувачката, односно како се распределуваат средствата што домаќинствата ги користат во текот на годината. Тие се дел од Истражувањето за потрошувачката на домаќинствата, кое ги следи приходите, расходите и навиките на македонските семејства. Заклучокот од бројките е јасен – најголемиот дел од семејниот буџет во Македонија сè уште оди за основното: храна, дом и секојдневно функционирање.

Најнови вести од: Бизнис

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

Нешто посебно, нешто вкусно: Нови медитерански вкусови во Веро

Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

Комерцијална банка е прва и единствена од Македонија на топ листата на Форбс

Од лидер на домашниот пазар до банка препознаена на глобалната финансиска сцена, Комерцијална банка продолжува да поставува повисоки стандарди, да создава долгорочна вредност и да го претставува македонското банкарство меѓу најуспешните банки во светот.

(Видео): Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите, рече гувернерот

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на средствата на клиентите и зачувување на стабилноста на Банката и на банкарскиот систем.

Филипче и СДСМ создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи ‘Алта банка’

Еден од неколкуте докази што ја поткрепуваат оваа информација е вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на „Алта банка“

To top