Македонија

(Видео): Извозот од „Кромберг и Шуберт“ в година ќе достигне дури 400 милиони евра

Премиерот истакна дека заклучно со јуни годинава имаме над 50 милиони странски инвестиции повеќе споредено со истиот период од минатата година.

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект со кој во следните четири години се предвидува отворање на нови 2.000 работни места, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешното потпишување договор во Владата со раководните лица од компанијата.

  • Таму ќе се произведуваат автомобилски компоненти за германскиот автомобилски гигант Ауди. Ова е важна инвестиција за Битола, за Пелагонискиот Регион и за целокупната економија, но и потврда дека како држава располагаме со квалификувана работна сила и индустриски капацитети кои можат да одговорат на највисоките европски стандарди – рече премиерот.

Во фабриката во индустриската зона Жабени ќе се произведуваат системи за нов модел на Ауди, со планиран обем од над 3.000 снопови дневно. Проектот предвидува и воведување современи технологии и дигитализација на производството.

„Кромберг и Шуберт“ досега има реализирано три инвестициски проекти во Жабени. Во Битола досега се вработени околу 5.300 луѓе, во Скопје се нешто над 1.700, а со новиот проект ќе се дојде до 10.000 вработени. Тоа покажува дека довербата што ја има „Кромберг и Шуберт“ во земјава е огромна.

  • За Битола и цела Пелагонија ова значи нов развоен импулс, за локалното стопанство дополнителни можности, а за граѓаните перспектива за стабилна работа и економска сигурност. Нашата цел е да бидеме препознаени како сигурна и конкурентна инвестициска дестинација, со силна индустрија, зголемен извоз. Следната година од „Кромберг и Шуберт“ очекуваат да надминат 400 милиони евра извоз од своите производни капацитети кај нас. Имаат и подобро платени работни места – просечните плати, посебно за висококвалификуваниот кадар, се за 80% над просекот во Македонија – рече Мицкоски и се заблагодари на раководството на „Кромберг и Шуберт“ за довербата, како и на сите вработени кои со својата стручност и посветеност придонесуваат за реализација на вакви проекти.

Премиерот истакна дека заклучно со јуни годинава имаме над 50 милиони странски инвестиции повеќе споредено со истиот период од минатата година. Ако влезете на страницата на Народна банка ќе видите дека има над 50 милиони повеќе, за истиот период минатата година, додаде премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Постигнати очигледни конкретни резултати – Сиљановска-Давкова го прими извештајот на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2026 година

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како непоколеблив светилник на историската вистина. Како еден од најголемите македонски експерти за античка историја и класицист со меѓународно реноме, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ понуди сериозна, научно фундирана и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. Денес, на 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт и ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“.

Извозот зголемен за 10,8% – најмногу се тргува во земјите на ЕУ, но кои земји се во фокус?!

Во периодот јануари – септември 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7 проценти во вкупната размена.

Муцунски: Нема да бидеме лицемерни и да зборуваме за евроинтеграција, а да донесуваме измени на КЗ како оние од 2023

Нашиот став е дека има фундаментална разлика за тоа што кажува официјална Софија и тоа што го гледаме од правна гледна точка како преземени обврски од претходната Влада и сето тоа не става нас во ситуација како Влада дека нема предвидливост на процесот, рече министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски во одговор на новинарско прашање […]

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

Огромен интерес за милионот: Досега пријавени 413 тимови, рокот истекува на 11 ноември

Заклучно со 5 ноември, на второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја се пријавени 413 средношколски тимови, кои со своите креативни и иновативни идеи влегуваат во трката за инвестиција од еден милион денари.

Најнови вести

To top