Македонија

Мицкоски: Бугарските политичари прават естрадна ѕвезда од Ива Михајлова, а од татко ѝ кловн, но двајцата ќе одговараат кога-тогаш!

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече дека е апсолутна лага оти Ива Михајлова легално ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија и изрази жалење што бугарските власти, наместо да ја вратат, прават естрадна ѕвезда од неа порачувајќи дека „когаш-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат пред македонските власти“.

– Апсолутно е невистина она што го лиферуваат бугарските медиуми во јавноста, дека заедно со нејзиниот адвокат поминале на регуларен граничен премин и тие биле исто така поздравени, им се салутирало итн. Тоа претставува лага. Второ, последeн пат, она што ние го имаме евидентирано, а е потврдено и од страна на бугарската страна, адвокатот влегол на 28 септември, а не е точно она што го тврдеше. Иако станува збор за личност со сомнително минато, сепак сакам овие работи да ги знае јавноста. Од друга страна, исто така можам да потврдам дека на нелегален начин е пренесена во Бугарија. Министерството за внатрешни работи истражува и ќе дојдеме до сознание на кој начин е однесена – рече Мицкоски.

Повтори дека и родителот, кој треба да одговара пред македонските власти, и Ива, која треба да ја докажува својата невиност, ќе одговараат когаш-тогаш.

– Ако некој мисли дека на овој начин обезбедил одредена заштита, на начин на кој се обидува да ги наруши меѓусоседските односи меѓу двете држави, жал ми е што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата што самите си ја прават на меѓународен план. Но тие избраа таква политика. Жалам што тие, наместо правосилно осудено лице да го вратат тука, да ја издржи казната за она што е осудено, тие од него прават естрадна ѕвезда и кловн. И жалам што млада девојка, која најголемиот дел од својот живот и образованието го стекнала во својата татковина Македонија, одлучила да биде ова што денеска се претставува кај нашиот источен сосед. Но еве јас ја гледам македонската јавност во очи и ви велам: „Когаш-тогаш и таа и татко ѝ ќе се соочат со правдата“ – дециден е Мицкоски.

Во однос на тоа како ова ќе се одрази на билатералните односи, како и за обвинувањата од страна на опозицијата, премиерот рече дека „токму тоа што опозицијата и раководството на нашиот источен сосед се на иста линија говори многу за тоа која била и каква е намерата, ниту Ива е намерата ниту што било друго“.

– Намерата е да се создаде политичка тема, која тие претпоставиле дека ќе влијае на рејтингот на владејачката коалиција, односно на ВМРО-ДПМНЕ, да бидам попрецизен, и на тој начин ќе обезбедат одреден бенефит за опозицијата, која има буквално идентичен став како што има раководството на Бугарија. Еве, ако е тоа така договорено, ние ги бараме назад и неа и нејзиниот родител, уште денеска да ги донесат и да видиме дали е тоа така договорено или не е тоа така договорено – истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Гувернерот на средба во ПИОМ: Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола

На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.

Нови правила и инвестиции во паметни броила за побрза енергетска транзиција

Граѓаните можат да видат дали нивното броило е прочитано или не во својата сметка, каде што ако стои ознака О се работи за прочитано броило, а ако стои ознака М се работи за паушално одреден износ.

Рокас: Оваа година има поголем напредок наспрема 2025, но не се завршени уставните промени, договорени во 2022

– Во овогодинешниот извештај е забележан поголем напредок во однос на минатата година, особено во областите за дигитална трансформација, истражување, наука, образование, како и во преземањето чекори во владеењето на правото – изјави евроамбасадорот Михалис Рокас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава.

Министерство за транспорт: СДСМ и ДУИ ги уништија „Македонски железници“, Обвинителство да постапи по ревизорските извештаи

Јавните претпријатија „Македонски железници транспорт“ и „Mакедонски железници инфраструктура“ ги примиле двата Ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во Ревизорскиот извештај, кој е изготвен на барање на актуелните раководства во двете јавни претпријатија се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки, информираат од Министерството за транспорт.

Мицкоски: ЕУ-извештајот во 2026 е подобар од 2025, немаме недостиг на реформи, туку наметнат билатерален спор, кој е хендикеп за евроинтеграцијата

Премиерот Христијан Мицкоски оцени денеска дека годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во евроинтеграциите е подобар од минатогодишниот, посочувајќи дека во него нема ниедна оценка за назадување, а во две преговарачки поглавја е забележано зголемување на нивото на подготвеност за членство во Европската Унија.

To top