Македонија

(ВИДЕО) Хаосот предизвикан од скопските паркинг ,,шампиони” – Статус на денот

Со лошо паркирање на 17 паркинг места се паркираат само 12 возила

Во денешниот статус на денот пренесуваме видео од твит на корисник на социјалната мрежа Х поранешен Твитер во кое се гледа на каков неверојатно лош начин паркираат Скопјани.

Според коментарите видеото е снимено во скопската населба и општина Аеродром во близина на трговскиот центар Бисер.

На снимката се гледа дека со лошо паркирање на 17 паркинг места се паркираат само 12 возила.

Дел од коментарите велат дека возилата мораат да се паркираат на косо за да можат возачите да излезат од тесната уличка но тоа не го оправдува да оставаат по неколку метри лево и десно со што го намалуваат ионака малиот капацитет за паркирање.

 

Видеото во линкот

 

https://x.com/Caesar1Gaius/status/1952743443655983599?t=Hm9rQMkDRlWRSuD9GCynaA&s=19

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова за МИА: Нема друга евроинтеграција во која опозицијата не била на иста линија за националните интереси

Не постои евроинтеграциски процес во којшто сите граѓани во една држава, без оглед на етничка, верска, односно партиска припадност, не зборувале во еден глас кога се однесувало на националните интереси

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“

Министерството посочува дека претставниците на семејствата на средбата изразиле благодарност за приемот и за појаснувањето на чекорите што треба да следат, со договор по завршување на законската процедура повторно да се воспостави комуникација за обезбедување на потребните средства.

To top