На 9 октомври, офицерот за врска на Службата за внатрешна безбедност на Амбасадата, придружувана од асистентката на службата, го посетил граничниот премин Делчево на границата меѓу Македонија и Бугарија, објави амбасадата на Република Франција во Скопје.
,,Оваа средба овозможи да се разговара со началникот на Регионалниот центар за гранични работи – Исток за предизвиците на прекуграничниот организиран криминал, особено трговијата со дрога и имиграцијата. Посетата продолжи со разговори со претставници на македонските полициски сили присутни на местото и локалните царински службеници”, се вели во објавата на француската амбасада според која разговорите биле фокусирани на заедничките предизвици поврзани со безбедноста на границите и борбата против прекуграничниот криминал.
Објавата на француската абасада нема никаква врска со бегството на Ива Михаилова во Бугарија три дена подоцна туку се работи за редовна активност на француските дипломати кои соработуваат со македонските институции.