Хроника

Возач од Гостивар загина по удар во бетонски ѕид

Тешката сообраќајна несреќа се случила доцна синоќа во гостиварското село Долна Бањица

Маж од Гостивар на возраст од 59 години го загуби животото во тешка сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа во гостиварското село Долна Бањица.

Возачот со иницијали М.М. со својот автомобил „опел“ со гостиварски таблички излетал од патот и удрил во бетонски ѕид.

Смртта ја констатирал дежурен лекар во 23 часот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, информира Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

To top