Хроника

Речиси 600 прекршоци констатира сообраќајната полиција само за шест часа!

Од вкупно 599 прекршоци, 541 се сторени со возење над дозволеното ограничување, соопшти МВР

Вкупно 541 прекршок за шест часа е новиот „рекорд“ на возачите низ Македонија, покажува билансот на акциската контрола на полицијата спроведена завчера на територијата на целата држава.

„На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место.

Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

Најнови вести од: Хроника

Јанев од БЈБ за акцијата во Куманово: Пронајдени пари и докази за криминал од 2021

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев соопшти дека пет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава по големата полициска акција во Куманово, во која беше уапсен Драган Петровски, познат како Штука.

Во полициската акција во Куманово против група поврзана со лихварство, изнуда и перење пари уапсен Драган Петровски – Штука, осомничен како нејзин организатор

Во претреси на повеќе локации, припадници на специјалните полициски единици и истражители бараа докази поврзани со група за која постојат сомневања дека подолг период дејствувала во Куманово и околината. Неофицијално, групата се поврзува со изнуда, лихварство и перење пари.

Учество на МВР на РМ во акција на американската ДЕА и германските служби: Запленети повеќе од 300 килограми кокаин вредни 20 милиони евра

По размената на информации од страна на Одделот за криминалистичка полиција при македонското МВР и службата за борба против дрога на САД (ДЕА) германската полиција заплени над 300 кг кокаин. Дрогата била скриена во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на пристаниште во Холандија, а од таму стигнал до Германија.

To top