Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски уверува дека вкупната сума за изградбата на автопатот Охрид – Кичево нема да надмине 800 милиони евра и со тоа тој останува најевтиното автопатско решение меѓу оние што се градат во Македонија.
„Ќе видиме на крај колку ќе излезе, но ќе биде под 800 милиони, што ако видите по километар сè уште е најевтиниот автопат што се гради во Македонија. Поевтин е и од ’Бехтел и Енка’, и од Скопје-Блаце, и од Кичево-Букојчани, значи сè уште е најевтиниот автопат. И уште една работа – морам да бидам коректен и кон изведувачите, овој автопат е автопат што на крај ќе излезе дека се градел четири и пол до пет години. Кога ќе видите вкупно тоа ќе е многу повеќе, ама кога ќе видите активна работа, ќе го извадам и тоа на прес-конференција – 4,5 до 5 години“, изјави Николоски во интервју за „360 степени“ на Македонската телевизија.