Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

 

Искра Хаџи Василева: Обвинителството троши премногу време на бирократија, приоритет мора да биде гонењето криминал

 

Кандидатката за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева, која влезе во историјата со неоправданиот прогон на доктор Жан Митрев и неговата клиника сега ветува брда и долини за да стане шефица на Јавното обвинителство за организиран криминал.

 

Таа најавува организациски промени и рационализација на предметите доколку биде избрана на функцијата. Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, таа истакна дека обвинителите се преоптоварени со административни процедури и предмети кои одземаат значително време, а не придонесуваат доволно во борбата против криминалот.

 

Одговарајќи на прашањето кои би биле нејзините први чекори во првите 100 дена од мандатот, Хаџи Василева посочи дека најголем акцент би ставила на поефикасно користење на ресурсите и утврдување приоритети во постапувањето.

 

Во предметот против Жан Митрев Хаџи Василева потроши над 4 години и огромни ресурси но според досегашното судење поради обвинението на лажни премиси и аргументите кои ги поднесува одбраната на Митрев, ова обвинение треба да падне.

Хаџи Василева сега тврди дека ќе правела рационализација ако биде избрана но не кажува дали е подготвена да сноси одговорност за долгиот процес кој беше непрофесионално почнат а изобилува со вџашувачки ситуации од кои јасно се гледа дека Жан Митрев бил таргет на смислен неправеден прогон.

 

Меѓу најскандалозните делови од нејзиниот прогон на Жан Митрев се следниве ситуации:

–  Сведоци потврдиле пред неа изјвиле дека не се чувствуваат за измамени а во записник таа внесла дека се чувствуват измамени

– Сослушала глувонемо лице без толкувач и запишала дека изјавил дека е измамен и оштетен а тој на судење со толкувач изјавил дека кажал обратно

– На последно рочиште сегашниот застапник на обвинението повлече 88 докази предложени од Хаџивсилева со образложение дека се незаконски и не може да се дел од обвинение

– На јутуб се врти снимка како убедува групно сведоци дека се измамени, нешто што не смее да прави и е противзаконако однесување

– На судењето на судијата Гоко Ристов изјавува дека не обезбедила докази за поткуп но тоа било јасно. (Со ваква изјава обвинителката создава нова пракса судот да суди врз основа на јасност а не со докази)

Сите овие скандали даваат основа за прашањето дали вакво постапување ветува дека таа ќе внесе квалитет во ОЈОГОК ако биде избрана? Или сепак во организиран криминал ќе биде внесена непрофесионална, незаконска и неетичка пракса?

„Би се зафатила најмногу и суштински со предметите, во смисла на рационализација на предметите. Ние навистина некогаш во праксата сме премногу оптоварени со работи кои не се толку значајни и не прават разлика во она што значи борба со криминалитетот, јавна доверба и ефикасен кривичен прогон“, изјави Хаџи Василева.

Таа објасни дека голем број предмети минуваат низ сложени бирократски процедури, а обвинителите трошат значителен дел од времето на формално одлучување, наместо на активен кривичен прогон.

„Нашата главна и примарна улога е да гониме криминал, не и да се занимаваме со она што значи отфрлање на криминал повеќе отколку прогонот“, нагласи таа.

Хаџи Василева појасни дека тоа не значи оти одредени кривични пријави треба да бидат занемарени, туку дека е неопходна подобра проценка на нивната основаност и можностите за понатамошно постапување.

Со оваа изјава обвинителката признава дека предмети како тој на Жан Митрев не бил добро проценети односно било покренато обвинение не поради прибрани докази туку поради други причини.

Како Хаџи Василева сака да стане шефица на организиран криминал а само во предметот против Жан Митрев досега потрошила десетици милиони денари при што на судењето даде никакви аргументи, засега не е целосно јасно.

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери.

Според Хаџи Василева, обвинителството се соочува со огромен прилив на пријави, меѓу кои има и такви за кои уште при првичниот увид е јасно дека нема доволно основа за понатамошно докажување.

 

„Треба да ги трошиме ресурсите на најможен ефикасен начин за да дојдеме до целите на ефикасен кривичен прогон“, порача Хаџи Василева во „Клик Плус“ на ТВ21.

А.Ѓ.

 

Фото ТВ21

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Комшилук“ освои европска награда – Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел

Приказната за Виолета и Алфредо, која летово се раскажуваше меѓу балконите на скопска Железара, стигна и до Брисел. Културната иницијатива „Комшилук“ ја освои наградата „Нов европски Баухаус“ (New European Bauhaus Prizes 2026), што ја доделува Европската комисија, за проектот „Травијата во три чина“.

To top