Македонија

Митровски за пресудата за „Пендиков“: Школски пример за „не се докажа надвор од разумен сомнеж“

Адвокатот констатира дека обвинението падна поради недокажаното тврдење на охриѓанецот дека бил натепан оти е Бугарин

Адвокатот Јанаки Митровски со сопствено видување за ослободителната пресуда од Основниот суд во Охрид за двајцата обвинети за претепување на Христијан Пендиков поради неговата етничка „бугарска“ припадност, како што ги обвини секретарот на избришаното охридско здружение на Бугарите „Цар Борис Трети“.

„Христијан Пендиков нека не се срами од пресудата туку од инсистирањето, без никаков доказ сем неговиот исказ, дека повредите му се нанесени поради неговата етничка припадност.
Неспорно е дека е претепан, неспорно е дека сторителите треба да се казнат, но спорно е дека тоа е од омраза бидејќи е Бугарин.
Доказ е неговото тврдење. Обвинетите негираат. Зашто неговиот збор би вредел повеќе од нивниот? И обратно? Е тука на сцена стапува Законот кој подразбира Разумен сомнеж. Да имало други докази сем исказот (пораки, закани, сведоци итн) пеки.
Вака колку негово ДА, толку негово НЕ. И тоа е школски пример за ‘не се докажа надвор од разумен сомнеж’.
Вината Пендиков нека ја бара и во инсистирањето на ОЈО Охрид да остане на делот ‘од омраза’ што остана недокажано.
Да одеа на чиста тешка телесна, ина видео снимки 100:0 чиста состојба, и веројатно ќе ја добиеа истата санкција.
Ама тогашниот министер Бујар Османи сакаше да се упикува на Бугарија па глумеше обвинител, судија и егзекутор, а ОЈО Охрид потпадна под притисокот, што е нивни професионален пропуст“, коментира Митровски на Фејсбук.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

(Фото): „Комшилук“ освои европска награда – Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел

Приказната за Виолета и Алфредо, која летово се раскажуваше меѓу балконите на скопска Железара, стигна и до Брисел. Културната иницијатива „Комшилук“ ја освои наградата „Нов европски Баухаус“ (New European Bauhaus Prizes 2026), што ја доделува Европската комисија, за проектот „Травијата во три чина“.

To top