Македонија

Дали Алаѓозовски уште сака да го затвори ,,Музејот на ВМРО”

На ,,Денот на ВМРО” потсетување на монструозната реваншистичка идеја за уништување на македонски музеј поради идеолошкиот фанатизам на СДСМ

Работна група назначена од тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски како шеф на Министерството за култура влезе во Музејот на ВМРО (Музеј на македонската борба) во март 2018 година.

Групата формално влезе во Музејот со цел да ја преиспита оправданоста на изградбата на објектот и да изврши ревизија во рамките на проектот „Скопје 2014“. Реално, целта беше затварање на музејот.

Во првичниот увид работната група оствари средба со раководството на музејот, направи увид во поставката и ја подигна потребната документација.

Во јули 2018 година, групата објави дека се прекршени повеќе закони (за буџет и за спроведување на буџетот) и посочи дека постојната поставка покажува елементи на партизација со изразеноглавен континуитет од историското ВМРО до современата партија.

Во предлогот за преименување и реорганизација на установата под силен притисок на екс министерот Алаѓозовски иницијално било предложено бришење на имињата „Музеј на ВМРО“ и „Музеј на жртвите од комунистичкиот режим“, како и целосно ново преуредување на ентериерот и концепцијата на националната установа.

За среќа дел од членовите на петчлената работна група формирана од Министерството за култура се спротивставила на притисокот од Алаѓозовски и одбила да продолжи со планот на министерот на Заев.

Групата беше во следниот состав:
• д-р Александар Литовски – претседател на работната група (историчар)
• д-р Донка Барџиева Трајковска – член
• д-р Елеонора Петрова – член
• Златко Теодосиевски – член
• м-р Гордан Николов – член
• Жарко Трајановски – член

Сега пет члена на групата тврдат дека биле против укинување на музејот на ВМРО-ДПМНЕ но реално имало само тројца кои се судриле со Алаѓозовски.

Групата беше формирана со решение на тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски со цел да изврши целосна ревизија на основањето, изградбата и оправданоста на тогашниот музејски комплекс.

Денеска на денот на ВМРО на Твитер потсетување на монструозната реваншистичка идеја да се уништи Музеј затоа што идеолошки не одговараше на СДСМ.

■ СДСМ некогаш: дали Музејот на македонската револуционерна борба треба да постои?
■ Денес – СДСМ не постои!

https://t.co/G5Tn6Onduz

— ☀ М (@arozgj) October 23, 2026

Најнови вести од: Македонија

To top