Заменик генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Бране Петрушевски на прес-конференција остро ги нападна Венко Филипче и неговите партнери од СДС, обвинувајќи ги дека свесно шират лаги и манипулации околу случајот со Алта банка.
Според Петрушевски, станува збор за случај што постои во друга држава, но не и во Македонија. Тој тврди дека Филипче и соработниците од петни жили се обидуваат сликите од немирите во други земји да ги пренесат кај нас – нешто што, според него, не им успева, бидејќи граѓаните ја препознаваат стабилноста во државата.
Петрушевски се постави и низа прашања: зошто СДС е толку гласна токму за Алта банка? Дали чека спремен бизнисмен близок до Заев да ја откупи банката по багателна цена? И зошто би сакале да пропадна некоја банка, по стилот на Еуростандард?
На крајот упати и конкретен повик.
Го повикуваме Јавното обвинителство да постапи по допрен глас и да ги повика на информативен разговор сите оние коишто пробуваат да го урнисаат уставниот поредок на државата, рече Петрушевски, додавајќи дека Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем.