Македонија

Македонската амбасада во Париз станува дом на сите луѓе поврзани со Македонија

Целта е да се обединат сите оние кои ја сакаат земјата, ја почитуваат нејзината култура и традиција и сакаат да придонесат за зајакнување на македонско-француското пријателство

Амбасадата во Париз продолжува со иницијативата „Клуб на пријатели на Амбасадата“ (Club des Amis de l’Ambassade) во која македонското дипломатско претставништво станува отворен простор за средби, идеи, соработка и нови пријателства.

Screenshot

,,Нашата цел е да ги обединиме сите оние кои ја сакаат земјата, ја почитуваат нејзината култура и традиција и сакаат да придонесат за зајакнување на македонско-француското пријателство”, објави македонскиот амбасадор во Париз Игор Гила Николов.

Клубот ги отвора вратите за дијаспората, француските пријатели, како и претставниците на академската, културната и деловната заедница, како и за сите луѓе со добра волја и желба за поврзување.

,,Ве повикуваме да ни се придружите!
Да создадеме заедница во која идеите се претвораат во иницијативи, познанствата во пријателства, а пријателствата во трајни партнерства.

🇲🇰🇫🇷 Амбасадата е повеќе од дипломатско претставништво – таа е дом на пријателството, соработката и заедничките можности.

Бидете дел од нашата приказна!

Повеќе пријателство. Повеќе соработка. Повеќе заеднички хоризонти”, пишува Николов во поканата во врска со Клубот на пријатели на македонската амбасада во Париз.

Најнови вести од: Македонија

To top