Македонија

Алијанса за Албанците за Максим Димитриевски: „Патриот на батерии од Кина“

Според партијата, темата за правосудниот испит му е потребна за да ја искористи во предизборната кампања и да се претстави како „голем патриот“.

Алијансата за Албанците оценува дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, би можел да ја напушти Владата поради најавите за можни предвремени парламентарни избори. Според партијата, темата за правосудниот испит му е потребна за да ја искористи во предизборната кампања и да се претстави како „голем патриот“.

Од Алијансата упатија и иронични забелешки, нарекувајќи го Димитриевски „патриот на батерии од Кина“.

Во соопштението се поставуваат прашања кои други теми би можел да ги понуди во евентуална кампања, меѓу кои се наведени враќањето на името на државата, бесплатниот јавен превоз и реконструкцијата на градскиот плоштад.

Според АА, Димитриевски веќе ги потрошил другите политички адути и сега се обидува да го подобри рејтингот за околу еден процент преку отворање на прашањето за правосудниот испит.

„Прочитана карта!“, порачуваат од Алијансата за Албанците.

Најнови вести од: Македонија

To top