Свет

Меланија Трамп: „Ќе видиме“

Во последните денови, Меланија Трамп се вклучи и во хуманитарни преговори поврзани со војната. Белата куќа соопшти дека таа помогнала да се обезбеди локален прекин на огнот за окупираниот град Олешки во регионот Херсон, со што се овозможило доставување хуманитарна помош и евакуација на цивили

 

На новинарско прашање дали планира да ја посети Украина, сопругата на амриканскиот претседател кратко одговори: „Ќе видиме“, додека Трамп додаде дека таква посета би можела да биде можна.

Во последните денови, Меланија Трамп се вклучи и во хуманитарни преговори поврзани со војната. Белата куќа соопшти дека таа помогнала да се обезбеди локален прекин на огнот за окупираниот град Олешки во регионот Херсон, со што се овозможило доставување хуманитарна помош и евакуација на цивили.

Трамп ги пофали нејзините напори, истакнувајќи дека во овој случај таа постигнала повеќе отколку професионалните преговарачи во неговата администрација. Локалниот прекин на огнот не значи крај на војната, туку привремено запирање на непријателствата во одредена област, со цел да се овозможи хуманитарна операција.

Тој изјави дека Соединетите Држави планираат да соработуваат и со Украина и со Русија откако ќе заврши војната меѓу двете земји. Трамп ги даде овие изјави пред новинарите откако го искористи своето право на предвремено гласање на изборите за Конгресот во Палм Бич.

За соработка со Русија во енергетскиот сектор – конкретно, на интересот што го покажаа руски компании за инвестирање во проект за течен природен гас (LNG) на Алјаска., Трамп одби да наведе конкретни детали, одлучувајќи наместо тоа да зборува за пошироките економски односи со Москва и Киев по завршувањето на војната.

„Би сакале да се вратиме во ситуација во која Русија и Украина ќе постигнат договор, а потоа ние ќе можеме да соработуваме и со двете страни“, рече Трамп. Тој додаде дека очекува САД да воспостават деловни односи и со Украина и со Русија откако ќе заврши војната.

Во тој контекст, Трамп повторно зборуваше за договор меѓу САД и Украина кој би се однесувал на природните ресурси на Украина. Тој тврдеше дека вредноста на еден таков аранжман би можела да достигне еден трилион долари, поврзувајќи го тоа со американската помош што Украина ја доби за време на мандатот на неговиот претходник, Џо Бајден.

Во последните денови, Трамп во повеќе наврати изјави дека крајот на војната е поблиску отколку што беше претходно. Во меѓувреме, неговата администрација се обидува да одржува контакт и со Киев и со Москва, како дел од преговорите за можно завршување на конфликтот.

 

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

To top