Македонија

Кандидатка за Генсек на ОН на македонски му се заблагодари на министерот Муцунски

Кандидатката на Емиратите важи за сериозен актер во трката за прв човек на Светската организација

Кандидатката на Обединетите Арапски Емирати за Генерален секретар на ОН Лана Нусеибе, му се заблагодари на министерот Муцунски за поддршката за својата кандидатура.

Пораката од Нусеибе е објавена на Македонски јазик.

,,Зборовите на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за дипломатијата како мост за надминување на поделбите имаат особено значење.
Токму тоа е суштината на дипломатијата во нејзиното најдобро издание: да го одржува дијалогот отворен, да гради доверба и да пронаоѓа пат напред дури и тогаш кога постигнувањето договор изгледа тешко.
Искрено ѝ благодарам на Македонија за поддршката на мојата кандидатура”, стои во благодарницата од Нусеибе до Муцунски

Предходно македонскиот шеф на дипломатијата порача дека му
претставува задоволство што гледа дека Лана Нусеибе влегува во трката за генерален секретар на ОН.

,,Лана ја олицетворува дипломатијата во нејзиното најдобро издание: промислена, принципиелна и длабоко посветена на градење мостови во свет кој е сè повеќе поделен.
Ѝ посакувам многу успех на ова важно патување”, објави Муцунски.

Кандидатката на Емиратите важи за сериозен учесник во трката за прв човек на Светската организација. Според неофицијални информации таа има поддршка од влијателни држави.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top